Насловна / Вести / Улицата „Милан Мијалковиќ“ во Кисела Вода ќе добие нови тротоари

Улицата „Милан Мијалковиќ“ во Кисела Вода ќе добие нови тротоари

Општина Кисела Вода започна со изведба на проект за партерно уредување на тротоари на улица „Милан Мијалковиќ“ во населбата Пржино.

Се работи за градежни работи кои ќе траат во наредните месец и половина.kisela voda (3)

На потегот помеѓу улицата „Кочанска“ до улицата „Пржино“, ќе се изведуваат тротоари од двете страни на улицата со павер елементи кои ќе ги содржат сите потребни слоеви – тампонски слој од дробен камен и подлога од песок-ризла.

Согласно проектот, тротоарите ќе имаат ширина од два метра и ќе бидат оивичени со бетонски рабници. Се работи за инвестиција на општина Кисела Вода во вредност од околу 3 милиони и 200 000 денари.kisela voda (2)

Испрати коментар

Scroll To Top