Насловна / Архитектура / Украдени оловни елементи од штипскиот безистен

Украдени оловни елементи од штипскиот безистен

Дел од оловната конструкција на покривот од уметничката галерија Безистен во Штип е откорната и украдена.

Двајца крадци се искачиле на покривот од Галеријата и со соодветен алат успеале да откорнат околу пет метри од заштитното олово поставено на покривот.

krov2

“Овие откорнати плочи се од кровната конструкција некаде околу четири метри и дел од парчињата се фатени и најдени, но тешко може да се вратат во првобитната положба“, изјави Мите Штерјов, директор на Завод и Музеј во Штип.

Станува збор за конструкција која е изработувана по специјална метода, во намера да се зачува автентичноста на објектот и нејзината замена е бавна и скапа.

krov1

“Вредноста тешко може да се утврди бидејќи не е само обичен оловен лим овие работи се нарачуваат и тешко се местат и изнесува 150 евра од квадрат“, додава Штерјов.

Инаку, безистено т е изграден помеѓу 16-17 век и поради својата старост и значење е прокалсен за споменик од национален интерес и е под заштита на државата.

krov3

krov4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top