Насловна / Арт и дизајн / „Tube Chair“ – иконично парче мебел на Joe Colombo

„Tube Chair“ – иконично парче мебел на Joe Colombo

Joe Colombo (1930-1971) се школувал на Accademia di Belle Arti di Brera во Милано до 1949 година, како сликар, и сè до 1954 година студирал архитектура на Универзитетот Politecnico di Milano.

12

Во 1969 година го дизајнирал иконичното парче мебел „Tube Chair“, една година откако студентските протести завладеале на улиците и плоштадите ширум западните земји.

1

Исклучително оригиналната фотелја која ја изумил – комбинирајќи четири шупливи цилиндри од ПВЦ, пенеста гума и кожа – е доказ за длабоко спротивставениот дух на миланскиот самопрогласен „анти-дизајнер“. Како и многу други негови колеги уметници во Италија и Европа кои се собирале под етикетата Радикален дизајн и црпеле инспирирација од поп-артот и авангардни движења, Colombo ја искористил уметноста за да го изрази своето несогласување со тогаш водечкиот рационализам.

8

Модуларните цилиндри кои ја сочинуваат „Tube Chair“ му овозможуваат на корисникот да ја прилагоди формата на фотелјата (или да спои повеќе за да измисли уште поимагинарни конфигурации), прилагодувајќи ја на расположивиот простор.

3

На почетокот, компанијата Flexform ја продавала „Tube Chair“ спакуван во платнена вреќа слична на онаа што се користи за вреќи за спиење, а ова парче мебел дефинитивно било фотелја на револуционер.

5

Модуларна и флексибилна, препознатлива и прилагодлива: „Tube Chair“ – симболично присутна во сталните поставки на Триеналето во Милано и MoMA во Њујорк – претрпе современото реновирање, користејќи нови авангардни технички достигнувања, кои осигуруваат сите карактеристики на оригиналниот дизајн на Colombo да останат непроменети. Благодарение на Cappellini, предметот на дизајн и автентичен одраз на животниот стил, фотелјата со цевки му пркоси на времето со својот амблемски, променлив изглед.

4

„Tube Chair“ составена од четири шупливи цилиндри, изработени со ротациска постапка на обликување за да се добијат заменливи елементи кои можат да се состават по желба и да се прицврстат заедно ја произведува италијанската компанија Cappellini. Од наслонот за грб до седиштето, секоја единица може да се постави во повеќе позиции, давајќи му живот на елементот на дизајнот кој рефлектира индивидуални потреби и вкусови.

6

Цевките што го сочинуваат столчето се прицврстени со метални стегачи. Тапацирот е достапен во кожа или еластична ткаенина. Хроматската палета вклучува потпишаби бои на  Cappellini: бела, црна, жолта, тиркизна и портокалова.

7

9

10

11

13

Испрати коментар

Scroll To Top