Насловна / Ентериери / Трпезариска маса со нишалки

Трпезариска маса со нишалки

трпезариска маса со нишалки_3
Трпезариската маса на британското креативно студио  Duffy London нема да остави никого рамнодушен. Дизајнерите претвориле вообичаена трпезариска маса во креативна „играчка“.

Дизајнерите создале трпезариска маса со нишалки, наместо со столици за осум луѓе, наречена Swing Table. Целата конструкција е унифициран производ кој се состои од дрвена маса и метална рамка за која се прикачени нишалки-столици и голем лустер кој го осветлува целиот простор. Дизајнерите замислиле сместување на „детско игралиште“ во кујната и трпезаријата, со што „гарантираат“ дека вечерите никогаш нема да бидат исти.

трпезариска маса со нишалки_5

 

Истото важи ако на масата седат и осум возрасни луѓе, со што здодевноста на секојдневието може да биде заборавена. Едноставно, оваа маса ќе го разбуди детето во вас, кое несомнено ќе сака да игра цела ноќ.

трпезариска маса со нишалки_4 трпезариска маса со нишалки_2 трпезариска маса со нишалки_1

Испрати коментар

Scroll To Top