Насловна / Вести / Три совршени стана за ергени

Три совршени стана за ергени

Индустрискиот стил во дизајнот никогаш не бил попопуларен. Проектирање ентериери во овој стил е мошне застапено во последните години, не само кога се работи за деловни простори, ресторани и кафе-барови, туку и за простор за живеење.

Неретко поранешните фабрики и магацини често се трансформираат во простор за домување, а токму овие простори поседуваат неколку суштински елементи за создавање индустриски стил во ентериерот, како што се ѕидови или подови од бетон, ѕидови од тули, видливи цевки, метални полици, висечки лустери и рефлектори.

Трите стана во продолжение користат различни елементи и креираат разновидни ентериери кои сепак го имаат истиот стил. Затоа, без разлика дали веќе имате сличен простор што треба да го опремите или сакате да го преуредите вашиот стан и да внесете урбан стил во него, овие ентериери сигурно ќе ви дадат инспирација.

Урбан ергенски стан

1.1_resize

Главната дневна зона на овој стан е опремен со ефектни елементи како што се полици направени од бакарни цевки кои го врамуваат телевизорот и интересни подни светилки чиј дизајн е инспириран од стариот Холивуд. Подот од светло дрво одржува рамнотежа со претежно темниот мебел – во црна и кафена боја.

1.2_resize

Кожен тросед Chesterfield и дрвен ковчег во функција на маса, доминираат во централниот дел на дневната зона во рамки на која се наоѓаат и домашна канцеларија и отворена кујна. Расвета во индустриски стил виси над кујнскиот остров и работната маса и доловува топла атмосфера во просторот.

Во ходникот се повторува елементот од дневната соба: мебел од цевки, во случајов во форма на закачалка и полица за обувки.

1.3_resize

1.4_resize

Дизајн инспириран од стилот на 70-тите и 80-тите години

И овој стан исто така е во индустриски стил, со тоа што неговиот дизајн е инспириран од стилот на 70-тите и 80-тите години. Дневната соба нема голема површина, но тоа го компензира со шармантен стил.

2.1_resize

Централниот дел го завзема кожна гарнитура за седење со практична маса направена од рециклирано дрво што лесно се поместува благодарение на тркалата. Изложената тула е важен елемент во овој стан и остава силен впечаток.

2.2_resize

Кујнските елементи од нерѓосувачки челик одлично се вклопуваат во индустрискиот стил на станот и и даваат на кујната модерен карактер.

Лизгачката врата која ги дели дневната и спалната соба е всушност рециклирана врата од контејнер за складирање. И во оваа просторија ѕидот е од тула, но обоен во бело за почист изглед. Поради малата површина на просторијата, просторот под креветот искористен е за складирање.

2.3_resize

2.4_resize

2.5_resize

Елегантен машки стан

Овој стан има два елементи од индустриски стил – тула и бетон, но за разлика од претходните станови, тој е многу потемен. Бетонскиот плафон и подот од темно дрво и даваат различни текстури на просторијата, но го задржуваат истиот машки карактер.

3.1_resize

3.2_resize

Тулата е во потемни нијанси од стандардната, што може да претставува предизвик во стан со различен стил, но сепак е сосема погодна за индустрискиот. Во темата одлично се вклопува и жичената врата, која подеднакво лесно можеме да ја замислиме во некој магацин и во стан за урбан млад човек.

3.4_resize

Во ходникот можеме да видиме интересно решение за чување велосипед, кое ја разбива темната палета со својата жолта боја.

Чистите линии прават спалната соба да изгледа елегантно и хармонично. Истиот впечаток го остава и бањата, која својот софистициран и сериозен изглед го должи на употребата на нерѓосувачки челик и црни плочки.

3.3_resize

3.5_resize

3.6_resize

3.7_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top