Насловна / Архитектура / Куќа инспирирана од детски цртеж подигната за само пет дена

Куќа инспирирана од детски цртеж подигната за само пет дена

Кога едно семејство од Остин, Тексас, се обидело да направи куќа на дрво на својот имот, инспирација за нејзиниот изглед барале во цртежите на нивната ќерка. Проектот е почнат како простор за играње на девојката и нејзината сестра – но на крајот се тргна во сосема неочекуван правец, пренесува порталот Dwell.

kuka

Семејството соработувало со бирото Ryan Street Architects на нивната главна куќа и тие повторно ја најмиле оваа фирма од Остин за да ја оживее скицата на нивната ќерка.

kuka1

“Тој цртеж стана една од првите клучни инспирации“, вели проект менаџерот Џереми Ристау. “Намерата на проектантот од тој момент беше да создаде целосно издигната структура која ќе биде поставена во крошните на околните дрвја и ќе создаде чувство на куќа на дрво, а во исто време да биде многу префинета, елегантна и целосно функционална за сопствениците“, додава тој.

kuka2

Со цел да се изгради оваа необична куќа, бирото стапило во контакт со Escobedo Group, локална градежна компанија позната по развојот на панелизиран систем за склопување наречен Dario.

kuka3

Компанијата произведува панели во најсовремени објекти во Будим, Тексас, кои зафаќаат цели 18 илјади квадратни метри, а потоа ги транспортира директно до градилиштето. Кога ќе пристигнат на нивната дестинација, предметите може да се состават за неколку дена наместо за неколку месеци.

kuka4

Биле потребни вкупно пет дена за да се изгради оваа куќа на дрво, користејќи градежен процес кој има минимално влијание на градилиштето.

“Масивната челична основа беше поставена за два дена, а изградбата на самата куќа на дрво траеше три дена“, објаснува креаторот на Dario, Дејвид Ескобедо. “Користењето на Dario е подобар, поефикасен начин за градење. Целиот систем драстично го намалува производството на отпад и нема штетно влијание врз животната средина“, додава Ескобедо.

kuka5

Куќата за гости е обложена со зелено дрво од ела и панели со огледало што ја рефлектираат прекрасната околина и е поставена на столбови што прават да изгледа како да лебди.

“Ние развивме челичен систем за потпора кој имитира големи стебла на дрвја, со „гранки“ што ги сочинуваат челични цевки и „стебло“ што ја носи структурата на куќата“, вели Ристау. Челичните носачи решаваат и голем предизвик за проектантите: како да се обезбеди конструкцијата со електрична енергија и водовод.

kuka6

Друг предизвик беше проектирање на големи стаклени коцки од подот до таванот за спалната и бањата. Овие простории даваат чувство на лебдење меѓу врвовите на дрвјата, но внимателно се дизајнирани да обезбедат и приватност – за таа цел се поставени моторизирани завеси.

Резултатите ги надминаа сите очекувања, а куќата на дрво сега служи како засолниште од соништата во кое секој може да ужива. Девојките имаат кревети на горното ниво, додека спалната соба на приземјето овозможува структурата да служи како поформален пансион – а цртежот што го инспирирал сето тоа е врамен над мијалникот за да може секој да го види.

kuka7

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top