Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Три компании заинтересирани за гасификацијата на Скопје

Три компании заинтересирани за гасификацијата на Скопје

plin-Gas-Pipes1Турскaта енергетска компанија „Аксо енерџи“, една украинска и една македонска компанија, досега ја подигнале документацијата за учество во проектот за гасификација на Скопскиот регион. Понудите треба да се достават најдоцна до 25 мај, според Одлуката што во јануари годинава ја донесе Владата. Дистрибутивниот систем треба да се изгради преку јавно–приватно партнерство, а фирмата што ќе ја добие концесијата треба да ја изгради мрежата, да ја проектира и финансира, да ја одржува 20 години, и потоа да ја отстапи на државата. Гасификацијата треба да ги опфати сите 17 општини од Скопскиот регион, а се проценува дека реализацијата на проектот ќе чини околу 98,4 милион евра. Предвидено е примарната гасоводна мрежа да биде долга 250 километри. Изградбата би се одвивала во периодот 2015 – 2019 година, при што дел од инфраструктурата би била пуштена за користење веќе во 2016 година.

Испрати коментар

Scroll To Top