Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Американска поддршка за ТПГ терминалот на Крк?

Американска поддршка за ТПГ терминалот на Крк?

Puhalovich-LNG-terminal-je-hrvatski-Apollo-programПо кризата во Украина, САД на Балканот ќе се фокусираат на отворање нови канали за снабдување со енергенси, со цел да се намали зависноста на регионот од рускиот гас, изјави хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ, кој  се сретна со американскиот потпретседател Џо Бајден.

Како што јавува дописникот на МИА од Вашингтон, Хрватска се надева дека ќе добие американска поддршка за изградба на терминалот за ТПГ (течен природен гас) на својот брег на островот Крк. Се работи за стратешки енергетски проект не само за Хрватска туку и за регионот, со кој земјата значително ќе ја зајакне својата позиција на енергетската мапа.

Испрати коментар

Scroll To Top