Насловна / Градежништво / Тргна „Прокоп“

Тргна „Прокоп“

Железничката станица „Прокоп“ во Белград повторно беше свечено отворена. Повторно, затоа што станицата со назив „Белград – Центар“ функционира веќе со години. Возовите низ неа поминуваат, а ретките патници тука го почнуваат или завршуваат своето патување. Датумот на нејзиното отворање беше 27 јануари. Најавени се и избори, па ова ќе биде еден дел од предизборната кампања.

Приказната за железничката станица „Белград – Центар“, попозната како „Прокоп“, може да се посматра како синтеза на нашите општествени прилики низ призма на урбанизмот. Таа тоа и е, недовршена станица која се гради повеќе од триесет години, чии проект се менува а објектот повеќе пати свечено се отвора. Ни овој пат нема да биде поинаку. Ни овој пат нема да биде конечно довршена.prokop belgrad _04

На местото на денешната станица се наоѓала населба која настанала после Првата светска војна, во времето на голема невработеност, станбена криза и високи станарини. Тоа беше населба во подножјето на Топчидерско брдо, во тоа време далечна периферија на градот. Куќите биле сиромашни, бесправно подигнати, а целата населба била нехигиенска. Според градскиот закон од 1929 година, населбата Прокоп, каде што живееле работниците од железницата, е присоединета кон белградската општина и со тоа бесправните куќи се легализирани.prokop belgrad _09

Судбината на населбата Прокоп ја запечати одлуката на градските власти во средината на седумдесеттите години од минатиот век, на тоа место да се изгради нова железничка станица. Тогаш настанала идејата што овие денови постепено се реализира, а тоа е изместување на главната железничка станица од подрачјето на Савскиот амфитеатар, за да се добие 80 хектари градежно земјиште во центарот на градот, во близина на реката Сава. Денес тоа се вика „Белград на вода“.prokop belgrad _10

На јавниот урбанистичко-архитектонски конкурс во 1976 година, победи решението на архитектите Михаил В. Живадиновиќ и Зоран Жунковиќ. Проектот не само што ја содржеше новата железничка станица, туку и потполно новиот железнички јазол со централната станица „Прокоп“, која е замислена како подземна и минлива станица со раздвоен патнички и товарен сообраќај. Станицата беше дел од приградската и градската железничка мрежа, која ја сочинува и метрото. Нејзината локација, помеѓу Топчидерско брдо и автопатот што поминува низ Белград, овозможувала и добра поврзаност со другите видови сообраќај, со автопатот или со метрото.

За потребите на новата железничка станица, изграден е нов железнички мост како и тунели до самата станица. Изградбата на станицата започнала во 1979 година, за да, во текот на осумдесеттите, биде повеќе пати прекинувана и продолжувана. Во текот на 1984 год. градските власти, кои претходно го укинале проектот на белградското метро, го поставиле прашањето дали е потребно да се откажат и од овој проект.prokop belgrad _03

На почетокот на деведесеттите, изградбата е повторно активирана, но поради санкциите е прекината. Тогаш станицата добила шини и делумно била оспособена за градска железница, но без станична зграда. Во 1996 година почнале работите на бетонската плоча, која требаше да биде кров на станицата но и дел од новиот комерцијален комплекс. Поради бомбардирањето на НАТО работите беа прекинати во 1999 година.Prokop

Неколку години подоцна, во други општествено-политички околности, распишан е конкурс за инвеститор кој би ја завршил станицата, а за возврат би добил право за изградба на комерцијален простор. Ни тоа не успеа. Станицата во меѓувреме стана дел од градската железничка мрежа БГ Воз, кој користи само неколку од десетте колосеци кои се планирани за железничка станица. Во целиот проект до денес се потрошени преку две милијарди долари, а објектот сè уште не е во функција. Сепак, одредени промени се случуваат кон крајот на 2012 година, кога Владата на Србија потпиша договор со Кувајт за кредит од 26 милиони евра за завршување и оспособување на станицата. Законот е ратификуван по итна постапка и работите почнаа многу брзо.prokop belgrad _01

Проектот финансиран со кувајтскиот кредит го опфаќа завршувањето на првата фаза на проектот, а тоа е завршување на осум главни и четири споредни колосеци, во потполност, како и дел од станицата кој се наоѓа под бетонската плоча. Површината на проектот е 37.000 квадратни метри. Во втората фаза, која треба да започне веднаш по завршувањето на првата, ќе се гради станична зграда над плочата, дел со комерцијална содржина каде се спомнуваат трговски центар и хотел, како и изградба на сите пристапни патишта од северната и јужната страна на станицата.prokop belgrad _08
Работниците започнаа со работа на 3 декември 2014 година, со рок за завршување од 420 денови. Освен работите на колосеците, завршени се и занаетчиските работи, електро и енергетските инсталации, телекомуникациониот систем, како и осветлувањето и системот за известување на патници. Наведените работи се приведуваат кон крај, и како што е најавено станицата ќе биде свечено отворена на 27 јануари. Освен фотографирање и убави зборови кои ќе се слушнат тој ден, приказната за станицата „Прокоп“ може да се дополни и со согледување на реалната состојба и слика на општеството.

Овој јануари, станицата „Прокоп“ ќе биде повторно само делумно завршена, пероните и некои придружни содржини ќе бидат потполно завршени, но „Прокоп“ сè уште нема да ја преземе улогата на главна железничка станица во Белград. Пред сè, недостасува станична зграда и придружни комерцијални содржини кои денес го прават составниот дел на железничките станици ширум Европа. Голем број станици низ Европа, повеќе потсетуваат на трговски центри отколку на сообраќајни објекти од ХХ век, каков што ќе биде „Прокоп“. Освен тоа, денес постои тенденција колку е можно повеќе да се интегрира стојалиштето на железничкиот и друмскиот сообраќај преку изградба на автобуски станици во близина на железничките станици, што овде не е случај.prokop belgrad _05

Голем проблем е и лошата поврзаност на станицата со остатокот на градот. Не сметајќи ја градската железница, до станицата „Белград – Центар“, т.е. „Прокоп“, вози само автобус со број 34 кој не спаѓа во фреквентни линии. Бидејќи „Прокоп“ со години беше маргинализиран проект, не се реализираше ни друмскиот пристап, така што денес е многу тешко да се дојде со возило до овој објект. Сè уште не се направени пристапни сообраќајници и објектот останува многу лошо поврзан со остатокот на градот. Најавено е дека тоа ќе се реши во следната фаза на изградба.prokop belgrad _07

Она што може да се земе како специфичност на овие простори, е неприспособување на одредени проектни аспекти на сегашната состојба. Железничките станици пред 40 години изгледале поинаку одошто денеска. Освен тоа што денешниот тренд е да бидат како комерцијални објекти, железничките станици не се безлични места каде поминуваат возови. Токму тоа е недостатокот на овој проект.prokop belgrad _02

Познавајќи ја состојбата на мегаломанскиот бетонски објект до пред само година дена, денес „Прокоп“ изгледа преубаво. Сепак, изгледа некако безлично и стерилно, како проектантите на внтарешниот дел од станицата да не успеале во својата работа. Не е лесно да се приспособи проект стар 40 години на современите тенденции, но секако е возможно со дополнителен напор да се направи нешто што би било порепрезентативно. Време имаше. Станицата „Прокоп“ сигурно уште многу години нема да биде завршена. За сообраќајници, зграда, хотел, трговски центар и зеленило, потребно е многу волја и време. Можеби уште повеќе волја отколку досега бидејќи „одвнатре“ станицата ќе изгледа завршено. Повторно ќе има отворање на градилиште на оваа станица. Повторно ќе има свечено отворање на станицата или на некој нејзин дел. Повтроно нема да биде завршен проектот. Повторно ќе се пишуваат текстови за тоа.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top