Насловна / Вести / Луксембург ќе бара руда во Вселената

Луксембург ќе бара руда во Вселената

Луксембург, малата земја меѓу силните европски економии на Франција, Германија и Белгија, има нова голема цел, а тоа е да стане центарот на вселенското рударство.
Првенствено познато по својата банкарска индустрија, луксембуршкото војводство промовира закон кој прво во Европа ќе му овозможи експлоатирање на астероиди. Таквото рударство е далечно можеби и повеќе од деценија, но се очекува дека потегот на Луксембург ќе го привлече интересот на пионерите во оваа област, како што е американската компанија „Planetary Resources and Deep Space Industries“.астероиди

„Долгорочно, вселенските ресурси може да доведат до нова успешна космичка економија и човечка експанзија во Сончевиот систем“, изјави луксембуршкиот министер за стопанство, Етјен Шнајдер.

САД ланскиот ноември усвоија сличен закон со кој на американските компании им се дава сопственоста над она што ќе го „ископаат“ од астероидите и другите вселенски тела.

Црпењето на ресурсите од вселенските тела е контроверзно проаѓање, бидејќи меѓународните договори наведуваат дека таквото искористување мора да биде во полза на сите земји. Заговорниците на вселенското рударство, пак, велат дека тоа нема да биде полезно само за осигурување на ресурсите кои на Земјата полека исчезнуваат, туку ќе помогне и во истражувањето на далечните планети.

„Истражувањето на Вселената бара искористување на вселенските ресурси, бидејќи доколку секој килограм храна, вода и гориво ќе мора да го носите од Земјата, нема далеку да се стаса“, изјави поранешниот директор на Европската вселенска агенција (ESA) а сега советник на луксембуршката влада за ова прашање, Жан-Жак Дорден.

Е очекува дека Луксембург својата законска рамка ќе ја има подготвено до крајот на годинава.

Испрати коментар

Scroll To Top