Насловна / Архитектура / Траекторија низ пејзажот во Фирездал, Норвешка

Траекторија низ пејзажот во Фирездал, Норвешка

Данското архитектонско студио EFFEKT, штотуку го реализираше проектот за првата пешачка патека што минува низ парк шумата Хамарен во Фирездал, веднаш до езерото Фиресватн, кое се наоѓа југозападно од норвешката престолнина. Проектот минува низ ободот на паркот и завршува со кружна платформа од каде посетителите можат да уживаат во спектакуларни погледи на езерото.

2 1 3

Пешачката патека е обвиткана во борова шума, карпест релјеф, покрај водената површина на езерото Фиресватн. Контактот со природата им овозможува на корисниците да го уживаат уникатното искуство движејќи се по дрвената инфраструктура.

4 6 8

EFFEKT проектираше нивелирана пешачка патека од дрво во должина од 1 километар достапна за секој вљубеник во природата, која завршува на врвот на ридот Клокахамрен, формирајќи платформа за набљудување со дијаметар од 50 метри, кој на посетителите им нуди прекрасен поглед на езерото и околниот контекст. Пешачката патека се издига на 15 метри над земјата и е составена од штици распоредени по должина од 1 км со ширина од 2 метри, што овозможува голем простор лесно да се движите низ паркот.

10 9 12 11

Единствениот материјал што се користел при изградба на патеката е дрво добиено со контролирана експлоатација, како потег преку кој се почитува природата и воедно се овозможува, интегрирање во конкретниот контекст. Вака генерираната инфраструктура не само што го совладува предизвикувачкиот терен, туку истовремено ги почитува постоечките биотопи и конфигурацијата на истиот.

19 18 21

26 27 28 29 30

24 25

Трасата вака проектирана има за цел да обезбеди низа од карактеристики кои допринесуваат во малите микро-искуства за корисниците, како што се одморот во прекрасната природа на длабоката шума или уживањето во набљудување на стратешки поставените видиковци.

Испрати коментар

Scroll To Top