Насловна / Вести / Традиционална балканска стрип смотра во Лесковац

Традиционална балканска стрип смотра во Лесковац

leskovac slika

Од денес па до 29 јуни во Лесковац, во соседна Србија се одржува традиционалната 16-та по ред Балканска смотра на млади стрип автори, најстара манифестација од сферата на оваа уметност во регионот. Организатори на истата манифестација се Лесковачкиот културен центар и училиштето за стрип „Никола Митровиќ-Кокан“.

„Македонско учество на оваа Балканска смотра и годинава е силно, односно само Стрип центарот на Македонија за оваа година анимира околу 40 млади таленти од разни градови“, истакнува Ване Трајков, директор на Македонскиот стрип центар, кој присуствува на смотрата.

„Овој фестивал е посебно драг помеѓу нашите стрип автори. Впрочем, тоа беше еден од првите, ако не и прв којшто се отвори кон младата македонска сцена, овозможувајќи им контакти со автори, промотери и скаути од разни земји. Резултат на таа соработка е и наградата за Марко Стојановиќ, стрип сценарист и организатор од Лесковац, кој на последниот интернационален стрип салон во Велес доби специјално признание за помош во развојот на македонскиот стрип“, вели Трајков.

Испрати коментар

Scroll To Top