Насловна / Вести / Топло, ладно и шарено: Боја која ја менува енергетската игра

Топло, ладно и шарено: Боја која ја менува енергетската игра

Научниците од Универзитетот Стенфорд, развиле нов вид боја која може да ги одржува домовите и другите згради поладни во текот на летото и потопли во текот на зимата, што значително ја намалува потрошувачката на енергија, трошоците и емисијата на стакленички гасови. Греењето и ладењето на просторот сочинува околу 13% од глобалната потрошувачка на енергија и околу 11% од емисиите на стакленички гасови. Според неодамна објавената студија во часописот  Proceedings of the National Academy of Sciences, овие нови бои ја намалуваат потрошувачката на енергија за греење за околу 36% во експериментални услови, односно енергијата за ладење за 21%.

stanford1

Yi Cui, главниот автор на студијата и професор на Стенфорд, истакнал дека според прогнозите, потрошувачката на енергија и емисиите од греењето ќе продолжат да се намалуваат  поради подобрувањето на енергетската ефикасност. Но, употребата на клима уреди расте, посебно во развиените економии во светот кој станува се потопол. Cui ја нагласил важноста од намалување на топлинските загуби/добивки, и додава дека новите материјали з аподобрување на термичката изолација, како на пример нискоемисионите премази за прозорци, се повеќе се применуваат. Конкретно, иновативната боја предмет на ова истражување се состои од два специфични слоја. Првиот слој е инфрацрвено рефлектирачки и користи алуминиумски компоненти. Тој слој е клучен бидејќи рефлектира инфрацрвено светло одговорно за природно згаревање ан површините. Вториот слој е ултратенок и инфрацрвено транспарентен. Тој користи неоргански наночестички. Овој слој е достапен во широк спектар на бои и овозможува минување на поголем дел од инфрацрвениот спектар, додека остатокот го рефлектира од долниот слој, спречувајќи негово апсорбирање од страна ан градежните материјали и акумулирање на топлина.  Кога бојата ќе се нанесе на надворешните ѕидови и покриви, топлината се рефлектира кон надвор, додека ако с епостави ан внатрешните ѕидови, рефлектирањето на инфрацрвените бранови ја задржува топлината во просторијата.

stanford2

Освен што може да се примени кај зградите, оваа боја може да се примени и на други места, со цел да се подобри енергетската ефикасност. На пример, би можела да се користи за прекривање на камиони и вагони наменети за ладилен транспорт. Со тестирање е утврдено дека двата слоја е водоотпорни. Се смета дека ова решение значително ќе ја подобри одржливоста на градежната индустрија.

stanford3

 

Испрати коментар

Scroll To Top