Насловна / Архитектура / Топ дизајни кои ќе бидат завршени во 2017 година

Топ дизајни кои ќе бидат завршени во 2017 година

Годината почна, но кога е во прашање архитeктурата, дизајнот и конструкцијата на нови објекти… , светот е неуморен. Оваа година ќе никнат можеби стотина нови облакодери, нови мостови или ќе се направат дузина чудни градби, а од таа група на конструкции се потрудивме да ви претставиме неколку, кои со нетрпение се очекуваат да финишираат токму годинава. Изборот го направија светски архитекти а внимание им посвети дури и водечкиот CNN.Neapol-stanica6

Железничката станица „Афрагола“ во Неапол (Италија)

Станицата е дел од новиот железнички систем за брзи возови кои сообраќаат на релација Рим-Неапол. Креатор на дизајнот е славната Заха Хадид, која уште во ноември 2003-та го предложила дизајнот. Тој предвидува станицата да се конструира на мост, над самите железнички шини, на височина од 25 метри и со површина од 20000 метри квардатни. Станицата почнала да се гради во 2009 година, но заради проблеми со трошоците, конзорциумот што ја правел бил принуден да се откаже и да го продаде целиот проект на групацијата „Асталди“ во 2015 година. Инвестицијата е проценета на околу 60 милиони евра.Neapol-stanica1 Според техничките карактеристики, структурата е направена од комбинација на стакло и бетон. Дизајнот е со искривени елементи како и со издигнувања и спуштања на самите краеви. Главната галерија на објектот ќе има 500 метри квадратни на соларни панели кои ќе го рефлектираат светлото и секако ќе акумулираат сончева енергија. Neapol-stanica4Сончевите зраци на долните прозорци ќе ги затоплуваат патниците во зима, додека оние на јужната страна на лето ќе имаат заштита со која ќе рефлектираат и ќе ја намалуваат топлината. При дизајнот особено внимание е посветено на патниците што ќе чекаат. По купувањето на билетите, тие ќе можат да го поминат времето во многуте ресторани и продавници во атриумот на станицата. Освен тоа, имајќи предвид дека станицата е изградена на мост и е над самите шини, патниците ќе имаат панорамски поглед на траките и возовите. Станицата на располагање ќе има 1400 паркинг места, автбуска станица, природен парк, спортски терени па дури и експериментални зони за растенија.

Музејот „Лувр“ во Абу Даби

Luvr - Abu Dabi 5

И арапскиот свет ќе добие свој музеј „Лувр“, благодарение на инвестицијата на ОАЕ во метрополата Абу Даби. Проектант и дизајнер е познатиот архитект Жан Нувел. Самиот автор вели дека станува збор за комбинација на модерната архитектура со традиционалните вредности, со цел овој „Лувр“ да им припаѓа само на луѓето од арапскиот свет.Luvr - Abu Dabi 6

Музејот се наоѓа на островот Саадијати и претставува мала оаза во текот на денот и своевидна светлечка точка во песокот за време на ноќта. Две третини од музејот се покриени со бела купола од 180 метри во дијаметар, и таа претставува синоним за џамиите што имаат соодветни куполи. Куполата е инспирирана од листовите на палмите, а нивната испреплетеност ќе влијае и на зрачното осветлување на внатрешноста. Што се однесува до надворешноста, куполата и објектите се опколени со вода, имајќи ја предвид важноста на овој елемент во исламската религија и животот. И надвор а и внатре ќе има елементи со вода. Исто така, галеријата ќе биде со традиционални елементи, големи холови, стриктна геометрија и високи тавани за да може уметноста да дојде до израз. Благодарение на куполата, која ќе биде практично „прошарана“ и светлоста ќе има свои различни падови, што дополнително ќе внесува атмосфера.Luvr - Abu Dabi 4

Проектот е под закрила на туристичко-инвестициската компанија на Абу Даби. Објектот почнал да се гради во 2013 година, а се очекува да биде пуштен во употреба во текот на 2017-та. Вредноста на арапскиот „Лувр“ е околу 650 милиони долари.

Luvr - Abu Dabi 2

Планинското село „Хуангшан“, Кина

Huangshan-mountain-village-06

Како и во секоја научно-фантастична слика или сцена, ова село е еднакво на фантазија. Се наоѓа над езерото Таипинг. Куќите или мини-зградите изгледаат како вселенски капсули бидејќи се изградени од метал. Нивниот дизајн е еднаков на хоризонталните линии на планините, па одлично се вклопуваат во нив. Гледано од далеку, секој од објектите изгледа како мала планина.Huangshan-mountain-village-05

Констуркцијата подразбира релјефно издигнување на катовите, секој погоре има помала површина како се наближува кон врвот. Секој кат, надворешно е опколен со стаклена ограда. Според дизајнот, има место за 700 апартмани од кои некој од објектите ќе има функција на помала зграда со неколку резиденти но, планирани се и поединечни локации за индивидуални семејства.Huangshan-mountain-village-01

Проектот го гради архитектонското студио МАД кое е и сопственик и инвеститор на проектот. Конструкцијата на локацијата на езерото, кое во комбинација со планините Хуангшан (Жолтите планини) е инаку и под заштита на УНЕСКО, веќе е туристичка атракција а изградбата на зградите само дополнително ќе внесе комерцијален елемент. Инаку т.н. „Жолто село“ почна да се гради во 2013 година и до средината на 2017 година веќе треба да биде вселиво.

Huangshan-mountain-village-02

Центро Ботин (Кантабриа), Сантандер

centro-botin-01

Станува збор за уникатен објект кој влегува во завршна фаза и се гради на место кое порано било обично паркиралиште во шпанската метропола Сантандер на север. Го носи името Центро Ботин и алудира на место кое треба да биде центар на културни збиднувања, но и своевидно место за релаксација и уживање. Проектот е соработка со студиото „Ренцо Пијано“ и мадридскиот конзорциум „Луј Видрал“.DOCUDMO

Самиот објект има изглед на пеперуга, секако делумно, и претставува комбинација од две структури кои се градени на земја но со дел од просторот ќе бидат и над самата вода. Имајќи предвид дека се два објекта, западната ќе има површина од околу 2500 метри квадратни и ќе биде наменета исклучиво за уметнички настани и збиднувања. Источната страна ќе биде наменета за образование и култура и ќе вклучува аудиториум со 300 седишта, четири соби за семинари и работни простории.centro-botin-03

На источната зграда ќе има и тераса на врвот со спектакуларен поглед кон Сантандер и кон портовите и брегот. Приземјето на западната зграда ќе вклучува јавна површина со неколку барови и ресторани. Објектите се градат на неколку челично-бетонски основи, со што луѓето ќе можат слободно да се движт под нив и да влегуваат во парковата површина со придружни елементи кои се градат зад самите згради. Двете згради се поврзани со поголем стаклен ходник со што ќе се овозможи лесно преминување од западното во источното крило и обратно. Објектот се очекува да биде готов на лето.

centro-botin-04 Музеј на современата африканска уметностЗајт (Кејптаун, Јужна Африка)

Zietz MOCAA Museum of Contemporary Art Africa

Овој музеј се смета за еден од најмодерните што се гради, и ќе биде завршен во текот на 2017 година. Тој се гради на историска локација од 1921 година. Станува збор за инвестиција на непрофитната В&А ватерфронт и Јохан Зајт, кои во чест на колекцијата Зајт ја обновуваат некогашната зграда на локацијата Гран Сило во Кејптаун во Јужна Африка, која е изградена во далечната 1921 година.zeitz muzej kejptaun-03

Со проектот, не само што ќе се обнови зградата што е висока 57 метри, туку таа ќе добие уникатен дизајн, поголема употребна вредност и ќе стане можеби еден од најголемите музеи во Африка. И досега, објектот бил со голема посета, со околу 24 милиони посетители годишно, што ја става на врвот на музејски локации. Објектот има 9500 метри квадратни површина, од кои површината за музејски поставки е околу 6000 метри квадратни и се простира на цели шест катови.zeitz muzej kejptaun-01

Објектот ќе биде отворен на 23 септември 2017 год. со гала вечер на која ќе се собираат добротворни донации. Што се однесува до објектот, тој се менува од корен со нови и модерни елементи и материјали со што внесува свежина во овој дел на Кејптаун. Конструкцијата ќе биде збогатена со фантастичен влез кој се состои од гигантски кружни цевки кои се само дел од вкупната конструкција која е во основата на објектот. Освен музејот, се градат и неколку згради до него, кои се наменети за станбени единици со што дополнително се уредува целиот простор.zeitz muzej kejptaun-04 zeitz muzej kejptaun-05

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top