Насловна / Вести / Се продава познатиот апартман во кој престојувал и Џон Ф. Кенеди

Се продава познатиот апартман во кој престојувал и Џон Ф. Кенеди

кенеди астор плаза_3Познатиот Астор апартман, во рамките на познатиот „Плаза“ хотел во Њујорк е проценет на 39,5 милиони долари и е ставен повторно на продажба. Се работи за луксузно сместување во коешто престојувале некои значајни историски личности, како што се Џон Џејкоб Астор, Џон Ф. Кенеди…кенеди астор плаза_5

Апартманот има луксузен ентериер кој се протега на околу 400 квадратни метри и има три спални соби, пет бањи, приватна библиотека, трпезарија, и една прекрасна тераса со фонтана. Она што го прави посебен и многу ексклузивен, освен неговата историска важност, е и спектакуларниот поглед на Централ Парк и фамозната Петта авенија во Њујорк, а во него може да се најдат елементи како што се рачно насликани лустери, дрво од англиски даб, антички камин, како и рачно изработени кожни ѕидни тапети.кенеди астор плаза_4

Се разбира, станот во меѓувреме е реставриран и одржуван во чекор со најмодерната технологија, но истовремено ја задржал и својата оригиналност и изглед. Инаку, Астор апартманот е во сопственост на Јирген Фридрих, ко-основачот на германскиот моден бренд Esprit.кенеди астор плаза_5

Фридрих се обидел да го продаде апартманот уште пред неколку години по цена од 55 милиони долари, но без успех, а можеби сега кога е со значително пониска цена, конечно ќе го најде новиот сопственик.кенеди астор плаза_4 кенеди астор плаза_3 кенеди астор плаза_2 кенеди астор плаза_2 кенеди астор плаза_1 кенеди астор плаза_1

Испрати коментар

Scroll To Top