Насловна / Вести / Просечниот животен век ќе ја помине бариерата од 90 години до 2030 година

Просечниот животен век ќе ја помине бариерата од 90 години до 2030 година

Жените од Јужна Кореја ќе бидат први во светот со просечен животен век над 90 години, сугерира анализата направена од Кралскиот колеџ во Лондон и Светската здравствена организација (СЗО). Тие го анализирале животниот век во 35 индустријализирани земји.

Според анализата на СЗО и Кралскиот колеџ од Лондон, се предвидува дека сите луѓе ќе живеат подолго по 2030 година, а границата меѓу мажите и жените ќе почне да се намалува во повеќето земји.south korea

Научниците велат дека наодите претставуваат големи предизвици за пензискиот систем и за грижата за стари лица.

„Јужна Кореја направи многу работи правилно“, изјавил професорот Маџид Езати за веб-сајтот на BBC News.

„Се чини дека таму постои еднаквост во однос на работите што се корисни за луѓето, образованието, исхраната и тоа им носи бенефит на повеќето луѓе. Тие се подобри во справувањето со хипертензија и имаат една од најниските стапки на дебелина во светот“.

Податоците, исто така, предвидуваат дека Јапонија, некогашен синоним за долговечноста, ќе падне на глобалната ранг-листа. Јапонија во моментов е на врвот на листата со највисок очекуван животен век за жени, но неа ќе ја минат Јужна Кореја и Франција, сугерира анализата.

Испрати коментар

Scroll To Top