Насловна / Архитектура / Топ 25 архитектонски фирми во САД: Gensler убедливо пред сите

Топ 25 архитектонски фирми во САД: Gensler убедливо пред сите

Architectural Record ја претстави својата листа на 300 најдобри американски архитектонски фирми за 2022 година, рангирани според приходите од архитектонските услуги извршени во 2021 година.

g

JW Marriott Hotel во Шангај, Gensler

Gensler, Perkins & Will и HDR ја продолжија својата тригодишен низа како водечки на годишното рангирање на најдобрите 300 архитектонски компании во Соединетите Држави, а им се придружи и AECOM, која забележа едно од најголемите пријавени зголемувања на приходи од архитектура, искачувајќи се од осмото на четврто место.

o

Oxygen Park во Катар, AECOM

HGA речиси четирикратно ги зголеми приходите

Како што пишува ArchDaily, половина од 10. најдобри компании пријавиле зголемување на приходите од архитектурата во споредба со претходната година, така што Gensler заработил дури 1,37 милијарди долари, што е повеќе од 1,32 милијарди долари пријавени во 2021 година.

p

Музеј на урбанистичко планирање во Кина, Perkins and Will

IBI Group, фирма со седиште во Колумбус, Охајо, скокнала од 20-то на 13-то место, Ware Malcomb се искачи од 24-то на 15-то место, додека SmithGroup од Детроит се помести од 23-то на 16-то место. HGA (Hammel, Green and Abrahamson) објави речиси четирикратно зголемување на приходите, скокајќи од 34 милиони долари на 129 милиони долари.

s

Roc Rail Operations Centre во Австралија, Jacobs & Smart Design Studio

Фирмите кои забележале пад на приходите ги вклучува Kohn Pedersen Fox Associates, кој падна од 13-то на 18-то место и Leo A Daly, кој од 17-то се спушти на 34-то место оваа година.

Листата на 25 најдобри архитектонски фирми во САД изгледа вака:

  1. Gensler
  2. Perkins & Will
  3. HDR
  4. AECOM
  5. Jacobs
  6. HKS
  7. HOK
  8. CannonDesign
  9. Stantec Inc.
  10. Perkins Eastman
  11. Skidmore, Owings, & Merrill
  12. ZGF Architects
  13. IBI Group Inc.
  14. Corgan
  15. Ware Malcomb
  16. SmithGroup
  17. DLR Group
  18. Kohn Pedersen Fox Associates PC
  19. Populous
  20. Arcadis North America/Callison RTKL
  21. PBK
  22. Page
  23. HGA
  24. Flad Architects
  25. Gresham Smith

Целосната листа на Топ 300 архитектонски фирми во САД можете да ја видите тука.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top