Насловна / Архитектура / Тим предводен од JDS Architects победи на конкурс за реновирање на Европскиот парламент

Тим предводен од JDS Architects победи на конкурс за реновирање на Европскиот парламент

Интегриран тим предводен од данското биро JDS Architects со француското Coldefy, амстердамското биро NL Architects, италијанското Carlo Ratti Associati, шпанската фирма  Ensamble Studio и заедно са белгиската компанија UTIL cvba и данската инженерска компанија Ramboll, прогласени се за победници на меѓународен конкурс. Тимот е избран за за обновување на зградата на Европскиот парламент, позната како Paul-Henri SPAAK Building, во Брисел, Белгија.

Меѓународниот конкурс беше објавен во 2019 година и бараше силен одржлив пристап за обновување на SPAAK, распишаниот натпревар повика на нов процес на „обновување“, што ги покрива сите пристапи помеѓу „реновирање“ на зградата и „реконструкција“.

По разгледувањето на 132 поднесени апликации една година подоцна, жирито избра 15 кандидати за учество на финалниот натпревар, вклучително и реномирани фирми како што се OMA, Snøhetta, Renzo Piano Building Workshop, Shigeru Ban Architects и Dominique Perrault Architecte.

Покрај победничкиот тим на чело со JDS Architects, организацијата втората награда ја додели на групата предводена од Jabornegg & Palffi (Австрија) и Kuehn Malvezzi (Германија), пишува ArchDaily.

еу_resize

Третата, четвртата и петтата награда е доделена на Moro Kusunoki со седиште во Франција и белгиската фирма Dethier Architectures, по што следува решението на Belvedere Architecture (Франција), а потоа тимот предводен од A2M (Белгија) и C.F. Møller Architects (Данска).

Зградата Paul-Henri SPAAK е дел од комплекс составен од десетина згради, кои зафаќаат вкупна површина од околу 665.000 квадратни метри.

Во зградата од 84.000 квадратни метри е сместена Комората на Европскиот парламент и низа објекти за одржување на состаноци на парламентарните комисии, организирање прес-конференции и пречек на посетители.

Што се однесува на новиот проект, претставниците на Европската унија објаснија дека „терминот на реновирање“ во овој случај ги вклучува сите пристапи меѓу „реновирање“ и „реконструкција“ на зградата.

Така, една од главните компоненти на конкурсната задачата била да се идентификува вистинскиот пристап. Бидејќи ЕУ не објави слики од победничкиот проект, сè уште е нејасно кој пат всушност го избрал првонаградениот тим за својот предлог.

Според најавите од Европскиот парламент, 15-те проекти кои влегоа во финалето ќе бидат прикажани на изложба во Брисел, која е закажана за септември 2022 година.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top