Насловна / Вести / TILEZZA: Бренд премиум – керамички плочки што освојуваат

TILEZZA: Бренд премиум – керамички плочки што освојуваат

Единствен претставник од нашиот регион во областа керамика на годинешниот саем „CERSAIE 2017“ беа brend gres porecellanato ректифицираните плочки „TILEZZA“. Не само што го привлекоа вниманието на посетителите од нашиот регион, туку ги воодушевија и посетителите од другите земји од светот. Колекцијата плочки од овој бренд, којашто ја краси препознатливиот италијански дизајн покажа дека и домашните производи можат да им конкурираат на светски водечките производители на керамика.tilezza beograd_2

Штандот изгледаше импресивно, како и енергијата на тимот што е заслужен за првиот успех на овој бренд на болоњскиот саем. Посетителите не го криеја задоволството од појавата на нашиот бренд на овој престижен саем, но и поради тоа што тоа што со години беше „резервирано“ само за Италија и Шпанија, конечно ќе биде достапно и на домашниот пазар. tilezza beograd_3

Познато е дека таквите примери секогаш ги мотивираат и другите производители да произведуваат квалитетна керамика по ниски цени, достапна за домашните купувачи.  tilezza beograd_4

Еден од оние кој го посети штандот „TILEZZA“ и се запозна со колекцијата на овој бренд, којашто се произведува во рамките на „Зорка Керамика“ беше и Бобан Јокиќ, сопственик на студиото за проектирање и опремување ентериери „Спектар ентериер дизајн“.tilezza beograd_9

Позитивните импресии не изостанаа, а трудот, темелната и квалитетна работа на домашниот тим што е заслужен за создавањето на овој бренд, направија како што вели тој да им конкурираме дури и на Шпанците и Италијанците. Особено го пофали изборот на прикажаните колекции и формати, коишто иако беа мали во однос на италијанските, изгледаа особено убаво и многу лесно се вклопуваат во секој ентериер.tilezza beograd_7

Слични впечатоци има и Ненад Танасковиќ, архитект од Белград и сопственик на фирмата  „Nesh projekt“, кој се занимава со проектирање на станбени комерцијални објекти, но и со изведба на ентериери. Тој особено ја истакнува можноста за користење на „TILEZZA“ плочките во голем број проекти. Како што вели тој брендот поседува голем комерцијален потенцијал и е погоден за широка употреба, што е од пресудно значење за конкурентност на домашниот, но и на странскиот пазар.tilezza beograd_5

Една од многубројните дизајнери на ентериер од нашиот регион кои посветија големо внимание на единствениот бренд од Србија на саемот „CERSAIE 2017“ беше Јелена Радовиќ која се занимава со сценографија и сликарство. Всушност низ призма на сликарството ги оцени прикажаните колекции  коишто како што таа истакна се „поинакви“ и „различни“ што и не е чудно бидејќи се создадени во соработка со италијански дизајнери.TLZ Oglas 220x155-page-001

Судејќи по првите впечатоци „Зорка Керамика“ со програмата „TILEZZA“ на голема врата тргна да го освојува пазарот, а што сè нуди, односно целиот асортиман можете да го видите на: www.tilezza.com.

Ексклузивен дистрибутер за Македонија е компанијата Балканија MM ДООЕЛ, Куманово.

Испрати коментар

Scroll To Top