Насловна / Архитектура / Биљана Филиповска добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2017

Биљана Филиповска добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2017

STUDIO 2000 (1)

Архитектот Биљана Филиповска е добитник на наградата за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството за 2017 година „Андреја Дамјанов“ . Наградата на добитничката ќе и биде врачена во среда (1 ноември) во 20 часот на свеченоста што ќе се одржи во Музејот на современа уметност во Скопје.

Одлуката за наградата ја донесе петчлената комисија во состав: Радован Раѓеновиќ, д.и.а.(претседател), д-р проф.Михаил Токарев д.и.а., д-р проф.Елизабета Касапова, д.и.а., Мишо Арсов, д.и.а.  и Иван Арсовски, д.и.а.

На свеченоста е предвидено свои обраќања да имаат Мартин Пановски, претседател на ААМ, Трифун Костовски, почесен член на Академијата на архитекти на ААМ, Мира Гаќина, в.д. директор на Музејот на современа уметност, претседателот на жири комисијата Радован Раѓеновиќ, член на Академијата на архитекти на ААМ, како и добитникот на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ Биљана Филиповска.

ФОТО: Киро Попов

Испрати коментар

Scroll To Top