Насловна / Архитектура / Не се виновни „starchitects“, туку ние кои ги создадовме

Не се виновни „starchitects“, туку ние кои ги создадовме

Веќе подолго време, академиците и архитектонската струка се повеќе ја напаѓаат т.н. „starchitecture“, обвинувајќи ја истата дека успешните и славни архитекти ги претворила во егоманијаци со потпис, архитектурата во трн во око, а градовите во витрини со трофеи. старарх_2

Едни притискаат по однос на глобализацијата на архитектурата и фактот дека меѓународниот талент мошне лесно се лансира во одреден регион, каде што потоа си подигнува споменик на самиот себеси, со малку или без никаков обзир кон тамошната околина и култура. Другите го менуваат правецот на расправата, тврдејќи дека во современата архитектура проблемот е всушност во лошата форма и дека „ starchitects“ се само жртвени јагниња. Не недостасуваат расправии помеѓу противниците на тој феномен, но не се зборува за вистинската причина за одбојната, безличната или културно-немарната архитектура: клиент – јавна побарувачка.старарх_4

Одговорни сме ние кои архитектурата ја гледаме од страна, сеедно дали како покровители или набљудувачи. Ние кои архитектурата ја засакавме од далечина, ние кои клик по клик се воодушевуваме на сликите на прекрасните нови зданија, не обрнувајќи внимание како тие делуваат на луѓето кои ги користат или живеат во нивна близина, ние кои се жалиме како нашите некогаш cool градови станале бедни, не мрднувајќи ниту со прст нешто да промениме, ние кои со пофалби и куповна моќ создадовме 1% истакнати архитекти и потоа од нив очекувајќи секогаш и одново да градат една те иста зграда. Ако почнале да не вознемируваат брендираните имиња на „суперархитектурата“ (супер по моделот на супермаркети, а не како естетска оценка), мораме повторно да ги разгледаме своите потреби и навики.старарх_1

Ајде да погледнеме како успеавме да дојдеме до ова. Создадовме поим „starchitecture“ од кој на многумина им се дига косата на глава и кој само го овековечува претераното славење на осамен гениј во архитектонската струка, која всушност силно се потпира на тимската работа.

Понатаму во текстот, неколкумината вистински „starchitects“ ќе ги нарекувам со друго име: „јавни архитекти“. Признавам дека името може да измами, бидејќи сите тие живеат од мноштво приватни нарачки кои ги договараат, но го користам овој израз „јавни архитекти“, бидејќи сметаме на нив еднакво, како што сметаме и на т.н. јавни интелектуалци за да останеме во тек со нивните сфери на интерес и со нивните релевантни трендови. Како и да е, малиот број на јавни архитекти ги претставуваат највидливите личности на струката во светот и понесуваат како најголеми пофалби, така и најлоши критики.старарх_3

„Јавните архитекти“ постоеле отсекогаш, но дури со појавата на светската урбанизација, во комбинација со радикалните пресврти на модернизмот, се стекнале со непречено меѓународно достигнување и популарност која ја уживаат и ден денес. Во последните 25 години состојбата е толку изменета што од јавните архитекти не се очекува само да проектираат значајни градби, туку и да ги променат идентитетите на цели градови.

Таквата промена е позната како „Билбао ефект“, откако зградата на Музејот на Гугенхајм во Билбао, проектот на архитектот Френк Гери, по отварањето во 1997 година, привлече рекорден број туристи во тој шпански град. Се појасно станува дека „Билбао ефектот“ е веќе издишан и дека отсекогаш бил само уште еден мит: архитектурата не може сама да го промени или да го оживее градот.

Некои градови се свртеа кон уметничките салони или биеналиња, чии што економски влијанија многу полесно се мерат од атрактивноста на објектот, па во добар дел на светот ваквите настани се веќе смешно масовни. Повеќе никој не верува во тоа дека еден културен центар или деловен простор сами ќе го трансформираат градот. Се повеќе согледуваме дека градот не станува cool заради структурите кои ги подигнуваме, туку заради културните и економски граници кои ги рушиме. Но, градовите и градежниците и натаму веруваат дека брендираната архитектура е златна кокошка на нивниот јавен имиџ и брана против стагнацијата.старарх_5

И така, хомогенизацијата на големите светски градови продолжува. Не станува збор за тоа дека во нив се изгледа исто, како што многумина забележуваат, туку самите градови почнуваат да изгледаат различно на ист начин.

Состојбата се влошува и заради купиштата градби создадени исклучиво за профит, чии што основи и пресеци не ги цртале брендираните јавни архитекти, туку изгледаат како воопшто никој да не ги проектирал – бескарактерен шкарт од стакло и челик, кој се издига преку ноќ и станува веднаш препознатлив, отприлика, како наочари за сонце на некој полицаец.старарх_6

Лесно е архитектите, како големите играчи така и непознатите, да се обвинат дека ги упропастиле нашите градови, но всушност прстот треба да го впериме кон себеси. Конечно, ние сме тие кои бираме да живееме и да работиме во такви објекти, ние ги купуваме или ги изнајмуваме за големи пари, ние гласаме за политичари кои ги одобруваат, ние ги игнорираме, а со самото тоа ние и пасивно ги прифаќаме, или пак – во случај да имаме пари – ја нарачуваме нивната изградба.

Како вљубеници во архитектурата, мораме да престанеме да сметаме на тоа дека јавните архитекти ќе ја завршат целата работа за подобрување на нашите градови. Ако сме просечни граѓани со смисла за добар дизајн, мораме да се потсетиме дека архитектурата не е само естетска, туку и општествена категорија – и потребно е тој факт да се одржува во медиумското следење и во одлуките на градските власти.старарх_7

Ако сме нарачатели, мораме да се ослободиме од слепата опсесија од архитекти со потпис и бесрамната изградба на безлични кутии. Ако сме градски власти, мораме да ги освежуваме своите градови концентрирајќи се на граѓаните и да им дадеме шанса на локалните таленти да се испробаат на важни проекти, а не само да отвараме архитектонски булевари на славните. Време е да престанеме меѓусебно да се обвинуваме и да почнеме да превземаме одговорност за просторите кои ги поседуваме и кои ги нарекуваме свои.

Текстот прилагоден за нашиот портал, изворно е објавен на порталот Architizer.

Автор на текстот: Dave Kim

Испрати коментар

Scroll To Top