Насловна / Вести / Тесла испорача рекорден број возила во вториот квартал

Тесла испорача рекорден број возила во вториот квартал

Производителот на електрични возила Тесла испорача рекордни 466.000 возила во вториот квартал од оваа година, додека произведе речиси 480.000, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите.

Повеќето произведени и испорачани возила се Model 3 sedan и Model Y crossover и тоа 460.211 произведени и 446.915 испорачани. Покрај тоа, Тесла произведе 19.489 возила од поскапите Model X и Model S, а испорачал од нив 19.225, пренесува Ројтерс.

t2

Аналитичарот во Wedbush Securities, Dan Ives, го оцени ова како „трофејно тромесечје“ за компанијата. Постигната е рекордна испорака на возила, но тоа се очекувало, додаде тој, наведувајќи дека на Wall Streetu се предвидувала испорака на околу 447.000 возила.

Пониските цени го зголемиле профитот

Во април Тесла ги намали цените на своите возила по петти пат од почетокот на годината, намалувајќи ги трошоците меѓу два до речиси шест отсто.

„Падот на цените од почетокот на 2023 година донесе голема добивка за Илон Маск и компанијата, бидејќи побарувачката се чини дека и понатаму е многу голема, а ефикасноста на производството овозможи големи испораки“, рече Ives.

т1

Бројките се значително повисоки во споредба со истиот период минатата година. Во вториот квартал од 2022 година, Тесла извести за 254.695 испорачани возила и 258.580 произведени возила. Во првиот квартал од 2023 година, Тесла произведе околу 441.000 возила, а испорача околу 423.000. Оваа година Tесла има за цел да испорача вкупно 1,8 милиони возила.

Испрати коментар

Scroll To Top