Насловна / Вести / Температурата во Белград седум степени повисока поради недоволно зелени површини

Температурата во Белград седум степени повисока поради недоволно зелени површини

Влијанието на климатските промени е се подрастично. Минатата година е најтопла во историјата на мерењата, а научниците очекуваат дека 2024 година ќе биде уште потопла. Урбанизацијата директно влијае на температурите, влажноста на воздухот, брзината на ветерот, сончевото зрачење и други метеоролошки параметри, создавајќи клима специфична за градовите.

Неодамна во Белград е направено истражување, чии резултати покажуваат пораст од дури 7 степени на температурите во централниот дел кој најмногу оскудева со зеленило. Имено, зелени површини во Белград има 12%, а во централниот дел само 2,83%. Тоа доведува до задржување на повеќе топлина и создавање на т.н. урбани топлински острови.

1_104

Истражувањето го спровеле тимови од Природно -математичкиот факултет во Нови Сад, Географскиот факултет и Географскиот институт во Белград и Филозофскиот факултет во Источно Сараево. Притоа, испитувани се микроклиматските услови во различни климатски опкружувања, со цел да се подобри разбирањето на температурните услови во градот и да се придонесе за креирање на стратегии за урбанизам и урбан дизајн при кои се земаат во предвид климатските прашања. Резултатите се прикажани во трудот „Топлински проценки на локални и микроскали во текот на потоплите летни денови: студија на случај Белград. Би било интересно и за Скопје да се направи слично истражување, имајќи ги во предвид интензивните градежни активности и дискутабилноста во однос на запазувањето на законскиот минимум за уделот на зелени површини на градежните парцели.

Испрати коментар

Scroll To Top