Насловна / Вести / Темишвар наскоро започнува со изградба на градска соларна електрана

Темишвар наскоро започнува со изградба на градска соларна електрана

Романија бележи значителен раст на фотонапонскиот капацитет, односно 1,7GW инсталирани само во текот на 2024 година. Локалните самоуправи активно придонесуваат за енергетската транзиција, а меѓу нив и Темишвар, кој наскоро ќе ја добие својата прва соларна електрана со моќност од 5,6MW. Просечно, оваа електрана ќе произведува 7,8GWh енергија годишно. Вкупната вредност на инвестицијата е 6,3 милиони евра, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност. Средствата се обезбедени од Модернизациониот фонд на Европската унија, а со нив располага Министерството за енергетика. Електраната ќе биде изградена во близина на постројката за пречистување на отпадни води, на земјиште со површина од 20 хектари.

Соларната електрана е дел од поширокиот план на локалната администрација за премин на обновливи извори на енергија и намалување на загадувањето. Темишвар е заинтересиран за механизмот на државна помош за производство и дистрибуција на геотермална енергија наменета за системите за далечинско греење и ладење, вреден 300 милиони евра, обезбедени исто така преку Модернизациониот фонд.

Испрати коментар

Scroll To Top