Насловна / Градежништво / Tехнолошко-индустриска зона ќе се гради во општина Ранковце

Tехнолошко-индустриска зона ќе се гради во општина Ранковце

zona vo rankovce
Нова технолошко-индустриската развојна зона на површина од 40 хектари ќе се гради во општина Ранковце. Зоната, која се наоѓа на Коридорот 8, меѓу градовите Куманово и Крива Паланка, оддалечена околу 40 километри од граничниот премин Деве Баир кон Бугарија и на околу 50 километри од граничниот премин Табановце кон Србија, ќе има 18 градежни парцели организирани во два блока. За изградба на внатрешната патна, водоводна, канализациска и телекомуникациска инфраструктура Владата ќе инвестира околу 12 милиони евра.

На поставувањето камен-темелник присуствуваа премиерот Никола Груевски, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Виктор Мизо.

„Локацијата на зоната не е избрана случајно. Во близина се повеќе градови од североисточниот дел на земјата со многу жители кои можат да одговорат на потребите и барањата на инвеститорите за работна сила од најразличен карактер. Во близина се границите со Србија и Бугарија, а на околу 70 километри од аеродромот „Александар Велики“, во близина на зоната поминува Коридорот 8, тука е магистралниот пат, но и железничката линија кон Бугарија. Сето тоа им нуди можност на потенцијалните инвеститори да бидат одлично поврзани и да можат да извезуваат со брз и ефикасен транспорт кон нивната посакувана дестинација“, истакна премиерот Груевски.

Досега во функција се двете зони во Скопје и Штип, а во тек се градежните активности во зоните во Кичево, Гевгелија, Прилеп, Струмица и Битола. Во фаза на подготовка се документите за отпочнување со градба и на зоните во Радовиш, Струга, Делчево, Виница и Берово.

Испрати коментар

Scroll To Top