Насловна / Архитектура / Градина-павилјон во Вараждин

Градина-павилјон во Вараждин

градина павилјон во вараждин _3 градина павилјон во вараждин _5
Познатото хрватско архитектонско студио „Два архитекта“, зад коешто стојат Томислав Ќурковиќ и Зоран Зидариќ, проектираа уште еден интересен проект. Се работи за градина- павилјон во Вараждин, кој е реализиран како доградба на семејна куќа. Уште во 2003 година, како резултат на ширењето на семејството, инвеститорот ја купил соседната куќа која ја реконструирал, а во 2006 година ја додал на постоечката во која до тогаш семејството живеело. Пет години подоцна, формирана била уште една единица во форма на градина- павилјон.

градина павилјон во вараждин _3

Архитектите од самиот почеток на проектот биле фокусирани на односот куќа-природа (архитектура и хортикултура), покажувајќи како концептот и пристапот зависат од функцијата на просторот, времето на настанувањето и позицијата во рамките на парцелата. Позицијата на оваа градина-павилјон овозможува долг широкоаголен поглед на околното зеленило, истовремено обезбедувајќи ја и семејната неопходна интимност.

градина павилјон во вараждин градина павилјон во вараждин _1 градина павилјон во вараждин _2

Павилјонот се состои од два ката, кои обединуваат различни функции. Горниот – светол, бел, декориран за место на одмор и работа, а долниот – темен, елементарен и со акцент на естетиката на структура служи за вежбање. Благодарение на долгите стаклени површини, просторот пропушта голема количина на светлина, која придонесува за атмосферата на просторијата во павилјонот.

Испрати коментар

Scroll To Top