Насловна / Архитектура / Тбилиси биенале за архитектура – отворен повик

Тбилиси биенале за архитектура – отворен повик

МЕЛЕЕМ Скопје е здружение за развој на урбана култура и актуелизација на простор, предводено од млади архитекти и студенти по архитектура и се занимава со организација на работилници, настани и иницијативи за урбани проблеми и прашања.

1_resize

МЕЛЕЕМ Скопје, се коорганизатори на Тбилиси биеналето за архитектура во 2020 година. Биеналето предвидува активности како во Тбилиси, така и во Скопје и е поддржано од програмата на Креативна Европа. Главна тема на биеналето e: “Што имаме заедничко” и претставува заедничка соработка меѓу градовите: Тбилиси, Скопје, Киев и Берлин. Биеналето има за цел преку различни типови на проекти да открие што е заедничко за овие градови и да се споделат искуства како до преминување на одредени проблеми и предизвици со кои што се соочуваат овие градови.

3_resize

Во моментов е отворен повик за пријавување со три типови на проекти и тоа:

Физички проект

4 избрани проекти ќе добијат парична сума од 3000 еврa за проектот.

Дигитален проект

5 избрани проекти ќе добијат парична сума од 1000 евра за проектот.

Работилница

Избрани фасилитатори ќе добијат хонорар во износ од 2000 евра за проектот.

Краен рок за пријавување: 31 јули 2020, 23:59

Сите подетални информации и насоки можете да ги прочитате тука.

4_resize

Испрати коментар

Scroll To Top