Насловна / Екологија / Такса за шумска прошетка

Такса за шумска прошетка

OLYMPUS DIGITAL CAMERAУживањето во природата во Хрватска наскоро ќе се плаќа. Менаџментот на компанијата „Хрватски шуми“ веќе го објави ценовникот според кој е одредено колку чини прошетката по ливади и шуми, како и собирањето на шумски плодови. Цената на еднодневно пешачење во шума за еден човек е одредена на 20 куни (2,6 евра). Семејниот билет е 40 куни (5,3 евра). Во ценовникот се вклучени и дозволи за различни видови на спортски активности како параглајдерство, спортска рекреација и организирање на различни културни настани во природата. Ќе се плаќа и за собирање на шумски плодови, печурки и билки. Освен еднодневен билет, може да се купи месечен или годишен.

Испрати коментар

Scroll To Top