Насловна / Архитектура / Привршува градењето на музејот „Луј Витон“

Привршува градењето на музејот „Луј Витон“

muzej luj viton_5

Шест години по започнувањето на работите, изградбата на музејот „Луј Витон“ влегува во својата завршна фаза. Музејот се наоѓа во Булоњската шума во западниот дел на Париз, а свечено се очекува да биде отворен во текот на 2014 година. Основната колекција ќе биде од уметнички дела кои се во сопственост на конгломератот LVMH, како и дела од приватната колекција на сопственикот Бернар Арно.

.muzej luj viton_1

Меѓу нив се ремек-дела од Пабло Пикасо, Хенри Мур, Жан-Мишел Баскијат, Енди Ворхол, Џеф Кунс и многу други. Директор на музејот ќе стане Suzanne Paget , која во моментов е директор на Музејот на современата уметност во Париз.

muzej luj viton_2
Овој проект на Френк Гери, потсетува на светилка разбиена вo безброј стаклени парчиња – карактеристично за работата на овој архитект од американско-канадско потекло, кој е познат по своите експерименти со деконструкција на традиционалните архитектонски форми.muzej luj viton_3muzej luj viton_4

Испрати коментар

Scroll To Top