Насловна / Архитектура / Таџ Махал се отвори по најдолгата пауза досега

Таџ Махал се отвори по најдолгата пауза досега

Таџ Махал, светски позната градба, повторно се отвори по шест месеци. Мавзолејот беше затворен во март кога во Индија беа воведени мерки за затворање на историски градби поради пандемијата на коронавирусот. Во повторно отворениот мавзолеј дозволено е да примат само 5.000 посетители на ден со строги епидемиски мерки.

2_resize

Таџ Махал е една од најпопуларните светски туристички атракции, кој пред пандемијата имал до 70 илајди посетители дневно.

Целиот објект е дезинфициран пред да ги отвори портите, а на посетителите ќе им се мери температура на влезот.

1_resize

Билетите ќе се плаќаат со картичка, групно фотографирање е забрането поради почитување на физичката дистанца.

Таџ Махал во Агра, Индија, изграден е помеѓу 1631. и 1654. година, а го граделе 22 илјади работници. Могулскиот владетел Шах Јахан наредил изградба на овој мавзолеј за неговата трета, но омилена сопруга.

4_resize

Овој „сон во мермер“, како што го нарекуваат историчарите на уметност, е изграден на бреговите на реката Јамуна за сопругата Арџуман Бану Беган, на која Шах Јахан и ја доделил почесната титула Мумтаз Махал, скапоцениот камен на палатата. Таа починала по раѓањето на нивното 14. дете во 1631 година, а владетелот кој многу тагувал по нејзе, наредил да се изгради гробница над нејзиниот гроб, каква светот никогаш не видел. Иранскиот архитекта Устад Ахмад Лахаури се смета за главен проектант на Таџ Махал. Експертот за изградба на куполата е веројатно од Истанбул, ѕидарите дошле од Делхи и Кандахар, експертите за врвот на куполата дошле од Лахора и Самарканд, калиграфи од Шираз и Багдад, резбари од Бухара, а пејзажни архитекти од Кашмир.

Последен пат Таџ Махал привремено бил затворен во 1978. година, кога бил поплавен градот Агра, како и во 1971. година, поради војната меѓу Пакистан и Индија.

3_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top