Насловна / Вести / Светскиот економски форум 2021, наместо во Давос, ќе се одржи во Сингапур

Светскиот економски форум 2021, наместо во Давос, ќе се одржи во Сингапур

Светскиот економски форум (WEF), односно популарниот самит во Давос, кој секоја година во јануари се одржува во Швајцарија, своето следно издание за прв пат ќе го има во Сингапур.  Во своето соопштение, WEF наведува дека Годишниот посебен состанок ќе се одржи во периодот од 13-ти до 16-ти мај 2021 во Сингапур. Наведено е дека состанокот во Сингапур ќе биде „прва глобална активност на лидерите“ во врска со надминувањето на пандемијата. Деталите за самитот е најавено дека ќе бидат дополнително соопштени. Основачот на WEF, Klaus Schwab во врска со самитот во Сингапур оценува дека ова ќе биде можност за претставниците на деловниот свет, владите и невладиниот сектор, да се соберат за прв пат „лице во лице“ од почетоот на пандемијата.

Секоја година на самитот во Давос се собираат околу 3.000 учесници од речиси 120 земји.

wef2

Closing Day Of The 28th World Economic Forum on Africa

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top