Насловна / Вести / Рекордно намалување на емисиите на СО2 благодарение на карантинот

Рекордно намалување на емисиите на СО2 благодарение на карантинот

Глобалната емисија на јаглерод диоксид се очекува да се намали за приближно 2,4 милијарди тони во 2020 година, или дури за седум отсто, што е рекорден пад на емисиите досега, според неодамнешното истражување на Универзитетот во Источна Англија (УЕА), Универзитетот во Ексетер. и Глобалниот проект за јаглерод.

Karantin1

Намалувањето на емисиите на СО2 во 2020 година е поизразено во Соединетите држави, каде е забележан пад од 12 отсто, по што следи Европската унија за 11 отсто и Индија, каде емисиите се намалени за девет отсто.

Иако, падот на емисиите е забележан во скоро сите земји, тој е најмалку изразен во Кина, каде е 1,7 отсто, каде што мерките на ограничување заради епидемијата беа најрестриктивни на почетокот на годината, пишува Клима 101.

Karantin

Најважната причина за намалување на емисиите на СО2 се мерките за карантин, кои се воведуваат од време на време во повеќето земји. Во тој период, луѓето претежно остануваат дома, сообраќајот е намален, но има и значителни промени во сите сектори.

Бидејќи сообраќајот е значително намален, емисиите на транспорт претставуваат најголем дел од глобалниот пад. Всушност, емисиите од копнениот транспорт, како што е возењето автомобил, паднаа за скоро половина кога карантинските мерки беа на својот врв. До декември 2020 година, емисиите од патниот транспорт и авијацијата сè уште беа под нивото од 2019 година, помеѓу 10 и 40 отсто, поради повремени ограничувања на движењето.

Корин Леквер, професор на Факултетот за еколошки науки на Универзитетот во Источна Англија, објасни дека мерките за стимулирање на економијата по пандемијата исто така ќе помогнат во намалување на емисиите и борба против климатските промени.

Karantin2

“Стимулациите што помагаат во забрзување на употребата на електрични автомобили и обновливи извори на енергија и го поддржуваат одењето и возењето велосипед во градовите се особено навремени, со оглед на сите нарушувања што беа забележани во секторот за транспорт оваа година“, рече Корин Леквер

Резултатите од истражувањето предвидуваат дека вкупните емисии на јаглерод диоксид генерирани за време на секојдневните човечки активности треба да изнесуваат околу 40 милијарди тони во 2020 година, што претставува значително намалување во споредба со 43 милијарди тони емитиран јаглерод диоксид во 2019 година.

Испрати коментар

Scroll To Top