Насловна / Вести / Светски компании кои највеќе ги опструираат климатските политики

Светски компании кои највеќе ги опструираат климатските политики

Меѓу компаниите кои највеќе ги опструираат климатските политики во 2022 година, доминираат американските, и тоа оние кои се наоѓаат во синџирот на фосилните горива и нивните трговски групи. Извештајот на InfluenceMap за корпоративното влијание врз климата во 2022 година, покажува колку геополитичките настани оваа година влијаеле врз обликувањето на климатските промени. Годишното рангирање се базира врз проценката на лобистичките активности на компаниите и интензитетот ан тој ангажман, а потоа тоа се споредува со економските и политичките влијанија кои ги има секоја компанија.

influencemap1

Клучните наоди на анализата на InfluenceMap за 2022 година се:

- Американските нафтени компании Chevron (1.) и ExxonMobil (2.) ги задржале првите две места. На листата се уште и американскиот производител ан енергија ConocoPhillips (4.), Marathon Petroleum (12.), Valero Energy (17.) и Phillips 66 (18.).

- Германскиот хемиски гигант BASF се искачил на третото место, во однос на шестото минатата година. Високата позиција е одраз на активното лобирање за проширување на производството на нафта, гас и инфраструктурата. Исто така, BASF допринел на зголемувањето на клучните политики на ЕУ, вклучувајќи го и механизмот CBAM и реформите на системот на ЕУ з атргување со емисии.

- Шест компании со седиште во САД, влегле меѓу првите 25: Sempra Energy (5.), American Electric Power (6.), Southern Company (7.), Dominion Energy (13.) и Entergy Corp (25.). Во извештајот се истакнува дека постои се позначајна разлика помеѓу овие групи и другите јавни претпријатија како во САД така и ширум светот, кои заземаат клучни стратешки позиции во енергетската транзиција.

- Две руски нафтени и гасни компании се нашле на листата за 2022 година. Тоа се Gasprom (9.) и Rosnjeft (14.). Проблемите во врска со транспарентноста и обелоденувањето на начинот на водење на бизнисот, ја отежнуваат целосната проценка на обемот на политичкото влијание на овие компании врз климатската политика.

- Toyota (10.) останува најнегативната и највлијателна компанија од секторот сообраќај. Иако компанијата ја има подобрено својата транспарентност во врска со климатската политика во текот на минатата година, јапонскиот производител на автомобили продолжува да се спротиставува на политиките кои се осмислени за постепено укинување на моторите со внатрешно согорување.  Две  германски компании од овој сектор  Lufthanza (15.) и  BMW (16.), исто така се високо позиционирани на листата.

influencemap2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top