Насловна / Вести / Европската комисија инвестира 3 милијарди евра во чисти технологии

Европската комисија инвестира 3 милијарди евра во чисти технологии

Европската комисија го објави третиот повик за големи проекти во склоп на Иновацискиот фонд на ЕУ. Со оглед на тоа дека буџетот е удвоен на 3 милијарди евра благодарение на зголемените приходи од продажба на емисии на јаглеродни единици во склоп на системот на ЕУ за тргување со емисии (ETS), со овој повик за големи проекти за 2022 година, ќе се поттикне воведувањето на индустриски решенија за декарбонизација на Европа.

ecomm1

Со посебен акцент на приоритетите на планот REPowerEU, со повикот ќе се пружи дополнителна поддршка за прекин на зависноста на ЕУ од руските фосилни горива. Извршниот претседател на Комисијата, Франс Тимерманс изјавил: ” Денес, повеќе од било кога мора да ги поттикнуваме иновациите и да ги прошириме технолошките решенија за борба против климатската криза и да се избориме за енергетската сувереност на Европа. Колку поскоро тоа го направиме, побрзо ќе станеме имуни на руската енергетска уцена. Со овој нов повик во износ од 3 милијарди евра од иновацискиот фонд на ЕУ, ќе се поддржат уште повеќе проекти во подрачјето на чистата енергија, ќе се забрза супституцијата на фосилните горива во индустриите кои е тешко да се декарбонизираат и ќе се забрза воведувањето на водород од обновливи извори на енергија на пазарите на ЕУ“. Повикот е отворен до 16-ти март 2023 година за проекти во државите членки на ЕУ, Исланд и Норвешка. Ќе се финансираат проекти од областа на декарбонизација, иновативна електрификација и примена на водород во индустријата, производство на чисти технологии и пилот-проекти од средна големина.

ecomm2

Испрати коментар

Scroll To Top