Насловна / Арт и дизајн / Сузан Кер: Иконична дизајнерка во Apple, Microsoft, Facebook

Сузан Кер: Иконична дизајнерка во Apple, Microsoft, Facebook

Не така одамна, компјутерите беа во домен само на програмерите. Кога машините преминаа во нашите домови, требаше да станат достапни и лесни за употреба. Им требаше нов визуелен јазик кој ќе го разберат масите.

Секојдневно наидуваме на стотици икони и дизајни на нашите компјутери и мобилни телефони и создадовме очекување за исклучителни графики на нашите уреди Но, да научиме како се случи ова.

2_resize

Susan Kare. Steve Jobs, 1983

Во 1984 година, Стив Џобс му го претставил на светот компјутерот Macintosh Apple II. Посакувал да биде достапна и корисна машина. Сузан Кер била младата уметница во неговиот тим која со генијалност и вештина, создала едноставни и ефектни симболи кои помогнале  во управување со десктопот и интеракција со новиот компјутер.

1_resize

Во 1982 година, Сузан Кер (родена во Итака, Њујорк, 1954 година) била докторант доктор по уметност и работела во Музејот за ликовни уметности во Сан Франциско, кога нејзиниот стар пријател Енди Херцфелд и кажал за можноста да се приклучи на тимот на развивачи на интерфејс во Apple.

Без искуство во оваа област (како што тогаш никој и немал), Сузан се вооружила со книги за типографија за да отиде на интервјуто, а од нив нешто да научи. Недостаток на компјутерско знаење одел во нејзина корист. Накратко за Apple Mac било важно дека секој треба да биде во можност да го користи без потреба од прирачник. Тимот тргна да создаде револуционерен начин за интеракција со компјутер преку точка и клик. Тимот тргнал во создавање револуционерен начин на интеракција со компјутер, преку точка и клик.

3_resize

Susan Kare. 1984 A-Z

Инспирација

Сузан требала да создаде икони кои се пријателски, пријатни,поврзани, јасни, концизни и незаборавни. Инспирацијата ја црпела од многу извори, како што се историја на уметност, хиероглифи, мозаици и гаџети. Нејзината мајка ја учела Сузан уште како дете на занаети. Везењето и ракување со игла биле совршена аналогна верзија на дигиталните бит мапи. Сузан го префрлила дизајнпот на стилови вкрстувајќи го со графичка хартија и повторно создала икони на екранот на пиксели.

За инспирација, Сузан користела и книга за симболи. Наишла на необичен симбол од шведската сигнализација за патишта, кој означува „место на интерес“ и го искористила за иконата Команда.

4_resize

Susan Kare. Archive at MoMA.org

5_resize

Susan Kare. Command icon

Пионер во пикселската уметност

Работела на медиум кој имал неколку ограничувања – пиксели 72 со 72 бита – Сузан работела со овие ограничувања и станала пионер во пикселската уметност. Нејзината најпозната икона Happy Mac ги пречекала корисниците низ целиот свет со насмевка додека чекале да се вчита оперативниот систем.

6_resize

Susan Kare. Happy Mac icon

Еден од нејзините ликови, Clarus The Dogcow е култен, има следбеници и е најпродаван на нејзината веб страница со графики. Ажурираните верзиии на нејзините изворни симболи за цртање, како Lasso, Grabber и Paint Bucket, и понатаму секојдневно се користат во програмите за графички дизајн.

7_resize

usan Kare. Clarus, the Dogcow

Typeface

Сузан ги дизајнирала Geneva, New York и Monaco typefaces и најзначајниот класик, Chicago typeface, кој беше дел од идентитетот на брендот Apple до 1997 година и се користеше во четири генерации на Apple iPod интерфејсот.

с1_resize

8_resize

Susan Kare. Control Panel

По Apple

Сузан Кер ја продолжува својата плодна кариера откако го напуштила Apple и работела за Microsoft 3.0. Со појавата на боите, ги креирала дизајните за Windows Solitaire, опишан како „најпопуларната алатка за одлвлекување на интернет пред појавата на социјалните мрежи“.

Подоцна  се приклучила на тимот на Facebook и била задолжена за дизајнирање на многу популарните 64×64 Virtual Gifts. Од 2015 година, шеф е на Дизајн на производи во Pinterest, создавајќи графички јазик за популарната заедница ‘pinning’.

9_resize

Во 2015 година, Музејот на модерна уметност – МоМА, Њујорк ги прикажа прелиминарните студии на Сузан за иконите за графички кориснички интерфејс.

Со ваква пионерска и иконична кариера, не е изненадување што Сузан Кер доби медал на Американскиот институт за графички уметности во 2018 година, и беше наградена со Национална награда за дизајн за животно дело во октомври 2019 година.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top