Насловна / Вести / Супербрз воз од Истанбул до Анкара – наместо 3 часа, патувањето се скратува на 80 минути

Супербрз воз од Истанбул до Анкара – наместо 3 часа, патувањето се скратува на 80 минути

Патувањето со воз од Анкара до Истанбул ќе трае 80 минути, наместо досегашните 3 часа. Станува збор за супербрз воз, како предизборно ветување на владејачката партија AKP. Возот ќе сообраќа на линијата долга 344 километри. Од Анкара до истанбулскиот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ ќе се движи со брзина од 350 километри на час, додека од овој аеродром до истанбулската железничка станица Sogutlucesme, ќе се движи со брзина од 200 километри на час. Возот ќе сообраќа по посебно изградена пруга. Долж трасата предвидени се 19 виадукти со вкупна должина од 14 километри и 52 тунели со вкупна должина од 120 километри.  Предвиденииот рок за изградба е 5 години.

ankara1

Испрати коментар

Scroll To Top