Кога еден млад брачен пар го започнува својот заеднички живот, во поголем број од случаите се соочува со одредени проблеми. Најчести проблеми се недостатокот на сретства за сопствен и доволно конфорен простор, недостаток на простор и комодитет и слично.


Овој стан се одликува со ориентација на целата содржина околу главниот дневен простор, додека останатите соби се одделени од главниот простор.


Овој простор се одликува со поголема височина на плафонот и поставеност на светилките речиси на самиот плафон, што дава чувство на простран простор.


Спалната соба и гостинската соба се визуелно поврзани со дневниот простор преку внатрешни прозори, но визуелната одделеност може да се постигне со помош на завесите во случај на потреба од поголема приватност.










Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија