Насловна / Арт и дизајн / „Студио аннго“ од Скопје: Скулптури од дрвен материјал

„Студио аннго“ од Скопје: Скулптури од дрвен материјал

„Студио аннго“ е креативно студио од Скопје кое дизајнира и рачно изработува ѕидни скулптури од дрвен материјал. Студиото е основано во јуни 2020 година од архитектот Ангела Стефановска. Архитектурата, уметноста и дизајнот се сфери испреплетени и меѓусебно поврзани, па преку скулптурите авторот ги интегрира, каде како главен и препознатлив елемент се појавува геометрискиот шаблон или „pattern“. Она што ги прави дизајните впечатливи и единствени, е токму тој геометриски шаблон или „pattern“ кој е главен мотив во сите уметнички дела. Шаблонот, кој воедно претставува идентитет на самиот бренд, ги содржи основните форми во геометријата – круг, триаголник и квадрат, како и нивните модификации.

Технички цртеж и форми_resize Untitled-1_resize

„Водејќи се по познатата мисла дека она што е најлично за уметникот е креативната енергија која ја носи во себе и која искрено доаѓа од внатрешноста, како и начинот на кој избираме да ја пренесеме на светот околу нас. Тоа ја опишува нашата ментална слика и пренесува силна субјективна порака преку која ние се издвојуваме како уметници и дизајнери со нашиот стил. Па така првичната идеја за брендот произлегува од континуираниот интерес за геометријата и постојаната игра со форми и бои, на тој начин создавајќи секогаш впечатлив минималистички дизајн. Бидејќи ваквиот пристап нуди голем број на комбинации со геометриски форми и бои, креативниот процес на работа е секогаш интересен, различен и динамичен, и овозможува секое дело да е уникатно и единствено“, вели Ангела за својата идеја за брендот и додава како ја наоѓа својата инспирација:

Puzzle Series - Серија Слагалица 04_resize

„Инспирацијата за брендот и уметничките дела е насекаде и во секое време, од секојдневни предмети и случувања до најпознати уметнички дела. Но, главно, како архитект и дизајнер, инспирацијата е црпена од модерната како уметнички правец, и од некои од најголемите уметници од претходниот век, од Василиј Кандински до Казимир Малевич, па сè до големите пионери на модерното движење, како што се Реј Имс, Пјет Мондријан и многу други уметници во чии дела се препознава имплементирање и изразување со геометриски форми“.

Тотем скулптура - Ентериер_resize

Тотем-скулптура-Ентериер

Начин на изработка:

Скулптурите имаат свој систем на составување по модули и слоеви. Тие се составени од исечени парчиња дрво, подредени во неколку слоеви, во разни бои и геометриски форми, создавајќи на тој начин истовремено тродимензионален и дводимензионален ефект. Ваквото моделирање во неколку слоеви и спојување на парчињата нуди голем број варијации и комбинации со форми, бои и димензии, правејќи ги скулптурите уникатни и достапни за секој простор.

Работна фотографија_resize

Креативниот процес во студиото најчесто започнува со работни скици-цртежи, преку кои идеите и дизајните се пренесуваат на лист хартија. Потоа се изготвуваат технички цртежи со прецизни димензии според кои дрвениот материјал ласерски се сече. Важна улога игра изборот на палета на бои со кои рачно се фарбаат сите исечени парчиња. Завршен и финален дел во целиот процес е лепењето и спојувањето на парчињата едно врз друго по слоеви, кои на крајот ја градат финалната уметничка композиција.

Работна фотографија 02_resize

Серии и продкути:

Уметничките дела во студиото се поделени на неколку серии: Puzzle (Сложувалка) серија, Shape (Форма) серија, As part of the furniture (Дел од мебел) серија и најновата Accessories (Додатоци) серија. Секоја серија го содржи геометрискиот аннго шаблон, но е различна и препознатлива на свој сопствен начин. Обидот за имплементирање и експриментирање во дизајнот, наспроти ѕидните скулптури, со мебел и секојдневни предмети потекнува од љубопитноста и желбата уметноста да се изрази и преточи на различни начини и во различни функции.

Puzzle Series - Серија Слагалица (Ратио Скулптура)_resize

Puzzle (Сложувалка) серија

Puzzle (Сложувалка) серија

Серијата Сложувалка е првата серија која е лансирана во студиото. Концептот на повеќе колоритни парчиња дрво и начинот на нивното составување и подредување во една финална целина наликува на сложувалка, од каде што потекнува и самото име на серијата. Дрвените парчиња имаат слободен редослед на составување, но некогаш и претходно подготвен цртеж-скица за усогласено распоредување на геометриските форми, големината и боите по слоеви. Скулптурите може истовремено да бидат поставени хоризонтално или вертикално во просторот.

Puzzle Series - Серија Слагалица 02_resize

Puzzle Series - Серија Слагалица 03 - Ентериер_resize

Puzzle Series - Серија Слагалица 05_resize

Puzzle (Сложувалка) серија

Тотем скулптура (Totem sculpture) од серија Сложувалка (Puzzle Series)

Стариот свет објект наречен Тотем, кој претставува духовен и симболичен амблем, изменет и прикажан со модерен геометриски изглед. Со нагласен вертикален изглед и во кубистички стил, Тотем скулптурата се издвојува како најдобро оценето уметничко дело од страна на публиката во студиото досега.

Тотем Скулптура 01_resize

0_resize

Тотем скулптура (Totem sculpture)

Триптих скулптура (Triptych sculpture) од серија Сложувалка (Puzzle Series)

Триптих скулптурата претставува сет од три поединечни дела кои со заедничка поставеност градат една геометриска целина.

Триптих скулптура (Triptych sculpture)_resize Триптих скулптура (Triptych sculpture) 02_resize Триптих скулптура (Triptych sculpture) 03_resize

Триптих скулптура (Triptych sculpture)

Серија Форма (Shape series)

Серијата Форма претставува послободна експресија на формите кај скулптурите. Во оваа серија е занемарено она шаблонско подредување како кај останатите серии од аннго и се става акцент на асиметричен, минималистички и разигран композициски ритам, изработен низ препознатливиот слоевит модул. Секое парче е единствено и уникатно.

Shape Series - Серија Форма_resize Shape Series - Серија Форма 03_resize

Shape Series - Серија Форма Скулптура Ратио_resize Untitled-2_resize

Серија Форма (Shape series)

Серија Дел од мебел (As part of furniture series)

Дел од мебел серијата претставува серија преку која се имплементира препознатливиот шаблон на аннго на парчиња стар или нов мебел, чијашто главна цел е уникатна и динамична трансформација на истиот. Идејата е дека секое парче мебел што изгледа старо, обично или дури здодевно да добие втора шанса во ентериерит со модерен и разигран изглед преку геометрискиот шаблон. Од оваа серија досега се издадени странични маси за кафе и комоди за телевизор.

Серија Дел од мебел (As part of furniture series)_resize

Серија Дел од мебел (As part of furniture series) 02_resize

Серија Дел од мебел (As part of furniture series)

Accessories (Додатоци) серија

Најновото од студиото е серијата Додатоци која го имплементира геометрискиот шаблон на предмети кои ги среќаваме и користиме низ секојдневието. Првиот продукт е табла за играње, рачно изработена – една од најстарите и најпознатите друштвени игри добива геометриски аннго израз и поинаков специфичен уметнички изглед.

Accessories Series - Серија Додатоци_resize

Accessories (Додатоци) серија

* * * * *

Ангела Стефановска има 26 години, живее и работи во Скопје. Магистрира на Архитектонскиот факултет во 2019 година, и моментално работи внатрешен дизајн и апликативна уметност или дизајн.

Ангела Стефановска_resize

Испрати коментар

Scroll To Top