Насловна / Вести / Студентски дом во Барселона

Студентски дом во Барселона

Холандската хотелска група The Student Hotel, која обезбедува уникатен хибрид за заедничко живеење и соработка на студентите, ги отвори своите први два кампуси во студентските домови во Marina и Poble Secво во Барселона, Шпанија.

1

The Student Hotel соработуваше со Masquespacio, креативната консултантска фирма и биро за ентериер од Валенсија, за реновирање и дизајнирање на двата студентски дома. Marina домот е сместен во зграда со површина од 21.000 метри квадратни на површина од 4.000 квадрати и вклучува 500 соби. Имотот вклучува комунални простори, како што се базени, зони за игри, отворени и затворени заеднички содржини, како и тивки простории за учење.

3

Со оглед на меѓународниот карактер и силниот идентитет на The Student Hotel, Masquespacio го разви својот дизајн создавајќи мешавина која останува во согласност со имиџот на брендот, додавајќи дух на медитеранскиот идентитет преку употреба на локални материјали и смела палета на бои.

5

Кампусот е дизајниран во еклектичен стил кој ги спојува материјалите, боите, текстурите и индустриска естетика. Секој агол, декоративен детал и визуелен елемент се стреми да се вклопуваат со студентски животен стил со тоа што ќе бидат дел од нивните секојдневни активности и со цел да бидат извор на инспирација за студентите.

8

9

10

11

12

14

15

16

17

18

20

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top