Насловна / Арт и дизајн / Стрип за Бетмен од 1939 година е на аукција по проценета цена од еден милион долари

Стрип за Бетмен од 1939 година е на аукција по проценета цена од еден милион долари

Љубителите на стриповите ги очекува вистинско уживање бидејќи редок детективски стрип од 1939. година со првото појавување на Бетмен во моментов е на продажба.

27-то издание е ставено на аукција по проценета цена од еден милион долари (со моментална понуда од 900.000 долари).

б_resize

Оценет со 6,5 со кремасти до речиси бели страници од страна на Certified Guarantee Company (CGC), стрипот содржи приказна од шест страници со наслов „The Case of the Chemical Syndicate“. Приказната ги запознава читателите со милијардерот филантропот Брус Вејн и неговото алтер его, Бетмен.

Стрипот ста 83 години е во добра состојба и ќе се продава заедно со други ретки стрипови и оригинална уметност, вклучувајќи ја копијата Amazing Fantasy # 15 (првото појавување на Спајдермен) и оригиналната насловна страница на DC’s Showcase # 24, со една од најраните појавувања на Хал Џордан.

б1_resize

Коментирајќи ја продажбата, извршниот директор и основач на аукциската куќа „Goldin“, Кен Голдин, изјави: „Ретко е да се има дури и една од овие неверојатни книги во колекција што ги содржи првите појавувања на овие култни херои, а камоли на сите нив“.

Примерокот во моментов е достапен за понуди на веб-страницата на Goldin до 22. мај 2022 година.

Испрати коментар

Scroll To Top