Насловна / Вести / Германските градови штедат со исклучување на јавното осветлување

Германските градови штедат со исклучување на јавното осветлување

Некои германски градови одлучија да го скратат времето во кое е вклучено јавното осветлување, со цел заштеда на електрична енергија, чија цена продолжува да расте. така на пример, во градот Вајмар, уличното осветлување е подесено да се вклучува половина час подоцна и да се исклучува половина час порано од вообичаеното време. Ова важи за летен режим, додека во зимскиот режим станува збор за период на поместување од само 10 минути. На тој начин, само во овој град заштедата е проценета na околу 40.000 евра годишно. Властите во Мајнц, на некои локации веќе го имаат скраетно времетраењето на осветлувањето за дури 50%. Во добар дел до градовите, како на пример Дармштат, интелигентното осветлување се регулира и според интензитетот, во зависност од моменталната фрекфенција на улиците.

weimar1

weimar2

Властите уверуваат дека ова е одлична мерка за заштеда, бидејќи според официјалните податоци, речиси половина од градскиите буџети за електрична енергија одат на уличното осветлување. Градовите во источниот дел, како Дрезден и Лајпциг се скептични и се колебаат во примената на овие мерки, повикувајќи се на можното негативно влијание врз безбедноста на улиците.

Energie sparen tastatur. Finger

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top