Насловна / Арт и дизајн / Столица со необична силуета

Столица со необична силуета

За оваа симпатична столица слободно може да се каже дека претставува необична силуета на индустриски објект која лесно се претвора во вистинско уметничко дело.

stol

Овој, на прв поглед, чуден и несигурен стол е инспириран од фитнес сала, но тоа не значи дека е наменет за нејзино опремување. Напротив, намерата на овој стол е да ве измами, а на прв поглед да не ја откриете  неговата цел. Тој е прилагодлив и толку лесен благодарение на неговата едноставна форма што го сведува на само два чисти елементи – челични цевки и цилиндрични основи за потпирачот за грб и седиштето.

stol1

Тоа е концептуален објект за седење што овозможува да се избере начинот на кој се седи. Roll столчето всушност нуди алтернативни форми на седишта кои смело му пркосат на вкоренетиот став дека минимализмот не може да понуди ништо од тој тип.

stol2

Столчињата се достапни во дури 16 различни нијанси, и секоја од нив претставува совршена комбинација на рамнотежа, убавина и функционалност. Без непотребни детали и украси, тие нудат одмор на сите оние на кои им е потребен мир и пауза.

stol3

Благодарение на рационализацијата на суровините што се користат за изработка на овие столови, нивниот дизајн е одржлив, што значително го поедноставува процесот на рециклирање по крајот на векот на употреба.

stol4

stol5

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top