Насловна / Архитектура / Статистиката покажува дека студентите на архитектура се највредни

Статистиката покажува дека студентите на архитектура се највредни

Сега има и црно на бело – студентите на архитектура званично се најпосветени на своите студии. Универзитетот во Индијана, САД, неодамна направил официјално истражување на ангажираноста на студентите на национално ниво (NSSE) и утврдил дека студентите по архитектура се убедливо пред сите.
Имено, податоците покажале дека студентите на архитектура поминуваат највеќе време во воннаставни активности и тоа 22.2 часа неделно. Позади нив се студентите на хемиски инженеринг, 19.66 часа, како и студенти на аеро-инженеринг и астронаутика, 19.24 часа.
Ангажирањето на студентите по архитектура опфаќа истражување, планирање, цртање, проектирање, претставување на проектот итн. Севкупно земено се работи за низа операции кои треба да се повторат за секој поединечен проект, па со самото тоа не е ни чудно што се нашле на врвот на листата.
Интересно е дека последните три места на листата ги завземале студиите кои денес се многу популарни, а тоа се Масовни комуникации и медиуми, PR и адвертајзинг, како и разни спортски програми.

студент

 

Испрати коментар

Scroll To Top