Насловна / Вести / Стартува PRESPALAND 2021!

Стартува PRESPALAND 2021!

Со низа активности и концерти, овој викенд во Преспа ќе почне првиот мултимедијален фестивал посветен на овој регион, на традицијата и историјата-PRESPALAND 2021.

Во јули, август и септември, во рамки на фестивалот ќе се одржуваат едукативни работилници, спортски активности, традиционални и вкусни локални приказни, музички настапи, а ќе има и многу сценски изведби, како и изложби.

За овој период, во континуитет со 11 настани ќе се посетат шест села, ќе се поминат 200 километри во природа и ќе се разубават 11 локации.

Prespaland 2021 content_FB cover

Отворањето на мултимедијалниот фестивал PRESPALAND 2021 е овој викенд, на 10.07 (сабота) одбележувајќи го првиот час по македонски јазик кој се одржал во старото училиште „Димитар Влахов“, во село Љубојно. На таа локација, од 18 часот посетителите ќе имаат можност да ги вкусат традиционалните, преспански рецепти. На настанот ќе настапат музичката група Перија и виртуозот на канон и саз, Џенгиз Ибрахим, а посетителите ќе уживаат и во читателите на поезија- Елена Пренџова, Игор Трпчески-Трпе, Марија Грубор и Горазд Китаноски-Кени од Поетри слем Македонија.

Следниот ден, недела, на плажата Сливница (Конект Бар), со почеток од 20:30 часот, свои концерти ќе имаат дуото Дац и Александар и Владо Јаневски.

Испрати коментар

Scroll To Top