Насловна / Архитектура / Станбен комплекс во форма на пеперутка

Станбен комплекс во форма на пеперутка

Овој комплекс за домување се состои од четири независни единици кои заедно формираат „пеперутка“. Секоја единица има спрат и сутерен. Интересниот проект е дело на студиото за архитектура 314 и е планиран за крајбрежното предградие на Вулиагмени во Атина.

peperutka

Комплексот се карактеризира со бела боја и облини кои даваат форма на пеперутка. „Крилјата“ на пеперутките се всушност волумени што се шират нанадвор, односно се протегаат од становите до градината. Тие даваат сенка на приземјето, додека на горниот кат формираат отворени тераси од каде што можете да се ужива во непречен поглед на морето. Овие форми се закривени и свиткани за да се обезбеди приватност на станарите. Шуплините на волуменот создаваат транспарентност и врска меѓу надворешната и внатрешната страна.

peperutka1

Многу е користено стакло во форма на буквата У, кое ги заменува или камуфлира цврстите sидови, така што природната светлина продира во внатрешноста што е можно повеќе. Овој вид стакло служи како превртен филтер кој го „замаглува“ движењето, обезбедува приватност и промовира единствена атмосфера во станбените единици. Користени се контрастни материјали за да се подобри интеракцијата со структурата. Сјајот на стаклото е поврзан со мат-ефект на белиот цементен премаз избран за sидовите, подот и таванот.

peperutka2

Карпите лоцирани околу имотот каде се наоѓаат станбените единици додаваат земјен елемент во составот, додека поголемите ги кријат елементите на конструкцијата и ги чуваат стаклените панели, оставајќи го видливо само она што е естетски потребно. Околината е дизајнирана во согласност со комплексот и со цел да се заврши ефектот на хармонија постигнат со вештачки езера што ја рефлектираат органската форма на пеперутки, стаклени површини и вегетација, притоа создавајќи чувство на изолација и мир. Пловечките патеки преминуваат преку езера и растенија за да ги поврзат балконите на приземјето, со што се нуди алтернативна патека, поблиску до природата.

peperutka3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top