Насловна / Вести / Стан во Тел Авив во зграда од времето на Баухаус

Стан во Тел Авив во зграда од времето на Баухаус

Станот се наоѓа во срце на Тел Авив, во зграда од времето на Баухаус, изградена во 1937. година и е дел од архитектонското наследство на градот, а се наоѓа на 300 метри од плажа. Станот е реновиран по проект на израелското проектантско биро WE-architects со седиште во Тел Авив.

2_resize

Архитектите велад дека кога прв пат влегле биле воодушевени од зградата и нејзините скали и не можеле да останат рамнодушни на високиот таван и природната светлина во самиот стан.

1_resize

Станот бил  занемарен и не бил реновиран откако е изграден. Неговиот распоред бил типичен за 30-тите. Мала затворена кујна, две многу пространи простории (едната функционира како дневна, а другата како спална соба), поврзани со покриена тераса. Бањата и тоалетот биле одвоени.  Во новиот распоред, кујната е споена во дневната соба, формирајќи еден отворен простор, а бањата е зголемена и во неа е вметнат тоалетот.

3_resize

5_resize

Новата кујна е минималистичка и супер-практична. Се состои од две крила: едното е порамнето со ѕидот, а другото е кујнски остров и трпезариска маса.

8_resize

Компактната дневна соба овозможува значителни можности за седење благодарение на дополнителните столици кои обично се наоѓаат на тераса. Од дневната соба директно се влегува во работната соба.

10_resize

Спалната соба е преплавена со природна светлина. Архитектите тука се соочиле со конструктивен проблем, морале да го појачаат и зголемат постоечкиот столб. Ја искористиле настанатата ситуација, поставувајќи го заглавието на креветот околу столбот, а во просторот помеѓу столбот и креветот формирале место за складирање и полици покрај креветот.

12_resize

14_resize

Прозорецот на спалната соба е на неговото оригинално место, за да не биде блокиран од плакарот, дизајнирана е ниша во која продира природна светлина, создавајќи место за зеленило.

Бањата се наоѓа на аголот од станот, каде некогаш бил полуотворен балкон. Областа за туширање е на крај, па затоа е постојано преплавена со светлина.

9_resize

15_resize 16_resize 13_resize 17_resize 18_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top