Насловна / Вести / Трендсетери на лизгачките системи

Трендсетери на лизгачките системи

Побарувачката за лизгачки системи постојано расте. Покрај популарните премиум подигачко-лизгачки врати PremiDoor 76 и PremiDoor 88, profine – group преку своите брендови: KÖMMERLING, TROCAL и KBE, сега претставува два нови производи: PremiSlide 76 е компактен, ефикасен и разноврсен лизгачки систем и PremiFold 76, еден мошне посебен лизгачки систем.

PremiSlide 76

3_resize

Со овој производ нудиме идеален додаток на нашите премиум подигачко-лизгачки врати – робустен, компактен, ефикасен и сестран систем за изработка на лизгачки прозорци и врати. Новината се заснова на нашата платформа од 76 мм во верзија на бочни дихтунзи и со тоа на произведувачот му нуди високо ниво на компатибилност. Прикладниот лизгачки систем комбинира бројни предности, како што е мало завземање простор при отворање и отворање без напор. Отворањето овозможува исклучително ефикасна вентилација, а стаклените површини се грижат за оптимални придобивки на соларната енергија. Uf – вредност од 1,4 W/(m²K) во стандардната изведба и Uw вредност до 0,7 W/(m²K) се одлични вредности за лизгачките системи. Компримираниот дихтунг по периметарот го прави системот совршен. Во однос на дизајнот, PremiSlide 76 нуди голема разновидност, бидејќи конструктивните шеми се темелат на системите на подигачко-лизгачките врати, како што е PremiDoor 76. Исто така, широк спектар на бои во декор на дрво и метална фолија, вклучувајќи ја и варијантата AluClip, се е достапно за индивидуализиран дизајн. Ексклузивно за PremiSlide 76, на располагање за конструкција со соодветни елементи е оков „Eco Slide“, специјално развиен од производителот на окови Siegenia.

PremiFold 76

4_resize

PremiFold 76, е посебен лизгачки систем за прозорци и врати, и најнов во долгата низа иновации на нашите лизгачки системи. Системот доаѓа со многу специјални апликации. Главниот плус на системот PremiFold 76 е начинот на кој можат да се отворат прозорците и вратите, за да се максимизира проветрувањето без да се загрози безбедноста. PremiFold 76 може да се користи за многу големи отвори. Вашиот дом или деловен објект може да добие ваш индивидуален карактер со широк спектар на декоративни ламинирани фолии. За производителот, новиот систем нуди економичност, бидејќи се базира на profine 76 мм платформата. Уште една предност е тоа што елементите немаат видливи окови. Прозорците и вратите можат да бидат опремени со двоструко и троструко застаклување.

PremiDoor 76

pr1_resize

На последниот Fensterbau Frontale, ја дополнивме понудата на PremiDoor 88 со PremiDoor 76 варијантата со систем на праг без бариери во стандардна изведба. Двата система на подигачко-лизгачки врати се вистински погодок во премиум сегментот на пазарот. Ги карактеризира одлична топлинска изолација, голема едноставност при користење и многу елегантна линиска изведба. Посебен акцент е ставен на крилото „Lux Design“ со исклучително ниска висина на профилот од само 40 мм, што овозможува уште поголеми стаклени површини и поголеми соларни придобивки. PremiDoor 76 е систем со континуирана конструкција од пет комори, кој, благодарение на малата длабочина на вградување од 179 мм, го прави идеален за реновирање и може да прифати стакло со дебелина до 48 мм. Тесните видливи ширини на профилот до 65 мм на рамката, 100 мм на крилото и 103 мм на средниот пресек, обезбедуваат голем удел на светлината. Со U-вредност од 1,4 W/(m²K), PremiDoor 76 веќе во стандардната варијанта доаѓа со одлична топлинска изолација за подигачко-лизгачка врата.

PremiDoor 88

2_resize

PremiDoor 88 – нашиот класик за висококвалитетна премиум подигачко-лизгачка врата – има длабочина на вградување од 88 мм. Се карактеризира со одлична топлинска изолација U = 1,2 – 1,3 W/(m²K). Со изолационите стакла се постигнува соодветна U вредност од 0,8 W/( m²K), дури и за пасивни куќи. Вистински благороден производ кој создава фасцинантна оптичка врска помеѓу ентериерот и градината.

Screenshot 2021-02-03 105558_resize

logo_resize

Испрати коментар

Scroll To Top