Насловна / Ентериери / Стан во стилот на „50 нијанси сиво“

Стан во стилот на „50 нијанси сиво“

stan kako film 50 nijansi (14)

Филмското остварување на романот „50 нијанси сиво“ е моментално еден од главните хитови  во светот, а дејствието се одвива во Сиетл, и се врти околу ликот Кристијан Греј и неговиот луксузен апартман, кој е всушност инспириран од локација што навистина постои. Тоа е стан во Eskala, една од најпознатите луксузни станбени згради во Сиетл, којашто е на пат да стане ново обележје на градот.

stan kako film 50 nijansi (3)

Долго време пред презентацијата на филмот, најпространетиот пентхаус во оваа зграда, со површина од околу 600 м2, беше продаден по цена од 6,2 милиони долари и стана најскап недвижен имот во Сиетл во последните три години. Постојат уште помали станови во оваа зграда, кои и понатаму се на располагање за купување, но не се споредуваат во однос на станот во кој би живеел Кристијан Греј. Компанијата специјализирана за недвижен имот и која е одговорна за овој станбен комплекс секојдневно добива голем број на барања за фото сесии, како и престој на една ноќ во познатиот пентхаус.stan kako film 50 nijansi stan kako film 50 nijansi (4) stan kako film 50 nijansi (5) stan kako film 50 nijansi (6) stan kako film 50 nijansi (7) stan kako film 50 nijansi (8) stan kako film 50 nijansi (9) stan kako film 50 nijansi (10) stan kako film 50 nijansi (12) stan kako film 50 nijansi (2)

Шест станови се достапни за купување, а цената на секој од нив започнува од 1,8 милиони долари. Тие нудат совршен поглед на градот, заливот Елиот и на Олимписката планина. И со оглед на успехот и популарноста на филмот, цената на овие станови скока секој ден за неколку стотици илјади долари.

Испрати коментар

Scroll To Top