Насловна / Вести / Стан во Париз кој повикува на размена и заедништво

Стан во Париз кој повикува на размена и заедништво

Станот наречен M Garden Duplex се наоѓа во Париз, сместен на двата први ката на зграда од 70-тите години и никогаш не бил реновиран. Има сопствена градина од 1000 квадратни метри, што е мошне ретка работа во Париз.

8-m-garden-duplex-toledano-hd-27_resize

Идејата на бирото toledano + architects, сместено на релација Париз – Тел Авив, била целосно да се реконструира изгледот со цел да одговара на потребите на семејството со три мали деца.

7-m-garden-duplex-toledano-hd-25_resize

Со цел да се зголеми присуството на природната дневна светлина во станот, а и натаму да биде заштитен од високи температури во текот на летото, нешто што стана денешен стандард во Париз, прозорците се заменети со многу тенок и високоефикасен алуминиумски модел. Стаклото има својства на соларна контрола и исто така е извор на топлина во целиот стан, обезбедувајќи иновативно решение и пријатно греење. Исто така, континуитетот на нивото на подот ги брише границите помеѓу внатре и надвор и го проширува просторот хоризонтално.

6-m-garden-duplex-toledano-hd-23_resize

1-m-garden-duplex-toledano-hd-4_resize

Распоредот е замислен со голема главна спална соба на приземје, како и со широко отворен заеднички простор и три детски соби, плус простор за игротека на горниот кат. На тој начин, се овозможува интимност помеѓу родителите и децата, додека станот исто така повикува на размена и заедништво. Широката дневна соба, трпезаријата и кујната поврзани се со дрвена тераса и градина преку големи лизгачки прозорци.

3-m-garden-duplex-toledano-hd-10_resize

Дизајнот на скалите си поигрува со транспарентност, користејќи перфорирани метални лимови, како и со геометрија и гравитација. Скалите висат од ѕидот и плафонот и обвиткани се со триаголна метална кутија, додека под нив е интегриран дрвен плакар.

4-m-garden-duplex-toledano-hd-21_resize

21-m-garden-duplex-toledano-hd-20_resize

Модуларноста е клучен збор. Главниот апартман е изграден преку неколку прогресивни слоеви на приватност, благодарение на подвижните врати кои овозможуваат да се избере времето за да се интегрираат просториите во општ, заеднички простор или во главен апартман, во скалд со времето на денот или посетителот. Вклучува домашна канцеларија која се покажа многу корисна за време на Ковид и простор за бокс, како и бања со поглед на градината, гардероба и спална соба.

9-m-garden-duplex-toledano-hd-31_resize

12-m-garden-duplex-toledano-hd-39_resize

26-m-garden-duplex-toledano-hd-62_resize

41-bedroom-pic-by-gabrielle-toledano_resize

Screenshot 2021-08-04 103149_resize

Screenshot 2021-08-04 103254_resize

23-m-garden-duplex-toledano-hd-68_resize

22-m-garden-duplex-toledano-hd-46_resize

30-m-garden-duplex-toledano-hd-34_resize

w15-m-garden-duplex-toledano-hd-53_resize

z13-m-garden-duplex-toledano-hd-43_resize plan-general-layout-1st-floor_resize

plan-general-layout-2nd-floor_resize elevation-bb-bathroom_resize elevation-aa-office_resize

Материјалите се минимални, топли и елегантни. Вклучуваат бетон, црн метал, црн гранит, дабово дрво, ткаенина и перфориран челик.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top