Насловна / Вести / Претставена е првата натриум-јонска батерија за електрични возила

Претставена е првата натриум-јонска батерија за електрични возила

Кинескиот производител на батерии за електрични возила CATL, ја претстави својата нова генерација натриум-јонски батерии. Главната идеја е овие батерии да овозможат целосно нови решенија за развој на чиста енергија и мобилност, како и да придонесат во постигнувањето на јаглеродната неутралност.  Натриум-јонските батерии имаат и единствена предност кога станува збор за брзината на полнење, одличната термичка стабилност, одличните перформанси на ниски температури и ефикасност. Има сличен принцип на работа како и литиум-јонска батерија, но е значително поефтина. Густината на енергијата на натриум-јонските батерии може да достигне до 160 Wh/kg, а може да се наполни за 15 минути до 80%, на собна температура. Кога станува збор за подрачја со ниски температури околу -20° C, натриум-јонската батерија има стапка на задржување на капацитетот повисока од 90%.  Батеријата добро се покажала во складиштење на енергија и во разни сценарија на транспорт, посебно во регионите со ниски температури. Сериското производство на натриум-јонските батерии би требало да биде лансирано во текот на 2023 година.

catl1

catl2

catl3

Испрати коментар

Scroll To Top